Патот на солзите (лат. Via Dolorosa) го обележува последниот пат на Исус Христос на брдото Голгота, каде што Исус Христос бил распнат на крст. Патот е обележан со 14 стапки и секоја го означува неговото судење во римската тврдина до врвот Голгота ( позната и како Калварија). Последните пет се наоѓаат на самиот врв каде денеска постои црквата на Светиот Гроб.