Пентагон | |
---|---|
Арлингтон, Вирџинија | |
300px Југозападен поглед на Пентагон со Потомак и Споменикот Вашингтон во позадина (1998). | |
Координати | </small> |
Изграден | 15 јануари, 1943 |
Висина | Пет ката над земја и два ката под земја |
Во употреба | 1943–се уште |
Тековна состојба |
Во употреба |
Тековен сопственик |
Министерство за одбрана на САД |
Под управа на | Секретаријат за одбрана на САД |
Пентагон (англ. Pentagon = петаголник) е воена зграда која е изградена на бреговите на реката Потомак во Арлингтон, Вирџинија, САД, недалеку од Вашингтон. Таму е сместена централната американска воена администрација, снабдена со најмодерни уреди неопходни за воените потреби. Во зградата на Пентагон се наоѓа и командата на копнените, морските и воздушните воени сили на САД, како и кабинетот на државниот секретар за одбрана. Всушност, зградата е поставена со цел на едно место да се собере целото воено управување на САД. Изградбата на Пентагон почнала во 1941 година и траела 16 месеци. Кога бил изграден, тој бил најшироката административна зграда во светот. Пентагон зазема простор од 14 хектари, вклучително со внатрешниот двор, кој зафаќа површина од 2 хектари. Пентагон е работно место на околу 23.000 луѓе. Пентагон се состои од пет петкатни петоаголни корпуси. Поставени како страни на еден во друг влезени петоаголници, помеѓу себе поврзани со коридори.
Категорија:Национални историски обележја во Вирџинија Категорија:1943 во архитектурата