Пирамидите во Гиза се единствени досега сочувани од седумте светски чуда. Само големата Кеопсова пирамида е дел од светското чудо (не и двете помали пирамиди покрај неа), која е изградена по налог на фараонот Куфу владетел на четвртата династија во 2560 п.н.е. како негова гробница.
Трите пирамиди кои се наоѓаат во Египет, во тогашниот град Гиза, денес во самото предградие на Каиро се единствените досега сочувани светски чуда.
Пирамидите во Гиза се единствени досега сочувани од седумте светски чуда. Само големата Кеопсова пирамида е дел од светското чудо (не и двете помали пирамиди покрај неа), која е изградена по налог на фараонот Куфу владетел на четвртата династија во 2560 п.н.е. како негова гробница.
Пирамидата во почетокот била висока 145,75m, но со текот на годините врвот е срушен и е намален за околу 10m. Аглите на страните кон основата изнесуваат 51°51‘. Секоја страна од пирамидата е прецизно ориентирана кон четирите страни на светот. Должината на страните во основата на пирамидата се 229m. Целата градба се состои од приближно 2.300.000 камени блокови од кој секој блок тежи повеќе од 2t. Истите се носени со чамци од каменоломот од левата страна на реката Нил и тоа само во пролет кога реката се излевала. Се верува дека целата градба траела цели 20 години и ја граделе 100.000 луѓе.
На северната страна е влезот во внатрешноста кој води низ ходници, премини, галерии, па сè до кралската гробница која е во средината на самата пирамида и е изработена од црвен гранит со неверојатна прецизност на блоковите. Саркофагот е изработен од истиот гранит и со истата прецизност и е само 1cm потесен од влезот во гробницата.
За да ја разбереме големината на Кеопсовата пирамидата, просторот е голем како катедралата Св. Петар во Рим и катедралите во Милано и Лондон заедно. Со каменот со којшто е изградена може да се обиколи цела Франција со ѕид висок 3m и широк 30cm.
piramidite bile grobnici na faraonite koga ke umrel faraon go stavale vo piramidata zaedno so negovoto bogatstvo.toj im ostaval bogatstvo i na semejstvoto no ostanatiot i pogolemiot del bil vo piramidata,vo negovata grobnica