Пон неф (француски: Pont Neuf, "Нов мост" – најстариот мост на Сена во Париз. Неговата изградба почнала во 1578, а завршила во 1607 година. Денес е еден од симболите на Париз.
Мостот е долг 280 m и се состои од два распона. Првиот се состои од пет лака и го спојува левиот брег со островот Сите, додека другиот се состои од седум лака и го спојува островот со десниот брег.
Името Пон неф (Нов мост) му било дадено за да се разликува од постарите мостови на кои од двете страни имало куќи. Од 1889 година е на списокот на историски споменици на Француското министерство за култура.
„ |