Портата Јафа е една од осумте порти која се наоѓа во Стариот град во Ерусалим.
Портата Јафа е една од осумте порти која се наоѓа во Стариот град во Ерусалим. Влезот на Јафа се наоѓа помеѓу христијанската и ерменската населба. Христијанската населба е на север односно од нејзината лева страна а ерменската на југ односно кон нејзината десна страна. Оваа порта е поврзана со познатата Јафа улица (Jaffa Road) која води кон брегот на Акра и јужно од Сионската планина ( каде се наоѓа сионската горница). Во влезот од оваа порта се доаѓа до кулата на Давид .