Прашки град

Прашки град
Pražský hrad
upright=1.1
Панорама на Прашкиот град
Општи податоци
Стил барок и маниризам
Место 119 08 Прага 1,
Чешка
Сегашни станари Милош Земан (претседател)
Почната IX—X век
Проектирање и изградба
Архитект Матеј Араски и Петар Парлер
Портал
hrad.cz

Прашки град или Прашки замок (чешки: Pražský hrad) — утврден комплекс во Прага со почетоци во IX век. Порано бил седиште на кралевите на Чешка, светите римски цареви и претседателите на Чехословачка, а денес е седиште на претседателот на Чешката Република. Во скриена одаја на Прашкиот град се чува кралскиот накит на Чешка со познатата Световацлавска круна.

Според Гинисовата книга на рекорди, ова е најголемиот замок на светот со површина од 70.000 м2. Комплексот е долг 570 м и има просечна ширина од 130 м.

Историја

Прашкиот град во 1607 г. Прашкиот град во 1870 г. Владиславската сала Првите градби на местото се подигнати во 870 г. со изградбата на Богородичната црква и околните обѕидија. Во првата половина на X век, за време на владеењето на Вратислав I и неговиот син Свети Вацлав се подигнати црквите „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Вид“.

На тврдината е изграден и првиот женски манастир во Чешка, веднаш до црквата „Св. Ѓорѓи“. Во XII век е изграден дворец во романескен стил, а во XIV век светиот римски цар Карло IV го преуредил во готски стил и го зајакнал утврдувањето. Во истиот период е почната преизградба на „Св. Вид“ во многу поголеми димензии и готски стил, која е завршена по дури шест века.

За време на Хуситските војни и децениите по нив, замокот стоел ненаселен. Во 1485 г. кралот Владислав II Јагелонски почнал со обнова на замокот. Кон кралскиот дворец е додадена големата Владиславска сала (дело на Бенедикт Рејт), северната страна на тврдината е зајакната со нови кули.

Во 1541 г. избил голем пожар во кој наполно настрадале големи делови од комплексот. Малку подоцна, Хабсбурговците подигнале градби воренесансен стил, а понатаму, царот Фердинанд I изградил летниковец за сопругата Ана. Рудолф II се вдомил во Прашкиот град како негово главно седиште, додавајќи му го северно крило и Шпанската сала, каде ја исложил скапоцената збирка уметнички дела.

Со втората Прашка дефенестрација во 1618 г. во замокот почнало Востанието на чешките сталежи, а комплексот претрпел големи оштетувања и се запустил. Во текот на Прашката битка во 1648 г. Швеѓаните однеле голем број дела од збирката на Рудолф II како последен чин во Триесетгодишната војна.

Последниот поголем зафат на преуредување го направила царицата Марија Терезија во втората половина на XVIII век. Со повлекувањето од власт во 1848 г. Фердинанд I се вдомил во Прашкиот замок, отстапувајќи му го престолот на Франц Јосиф.

Во 1918 г. замокот станал седиште на претседателот на новата Чехословачка Република, Томаш Масарик. Новиот царски дворец и градините се обновени од словенечкиот архитект Јоже Плечник. Во 1929 г. конечно е конечно е завршена катедралата „Св. Вид“. Обновата продолжила сè до 1936 г. под раководство на Павел Јанак како наследник на Плечник.

Со покорувањето на чехословачката држава, на 15 март 1939 г. во замокот престојувал Адолф Хитлер За време на германската окупација, Прашкиот замок бил седиште на Рајнхард Хајдрих како началник на Протекторатот Чешка и Моравија. Според една легенда, секој бесправен узурпатор кој ќе ја стави чешката круна на глава е осуден да умре во рок од една година. Се зборувало дека Хајдрих го има направено токму тоа, и дека неговиот атентат во 1942 г. (за помалку од една година) го стасал како казна.

По Втората светска војна

Со ослободувањето на Чехословачка, замокот бил дом на сместена комунистичката влада. За време на Кадифената револуција.

По распадот на Чехословачка, замокот станал седиште на претседателот на Чешка. Како и Масарик со Плечник, претседателот Вацлав Хавел го ангажирал Боржек Шипек за да изврши неопходни преуредувања, особено ликовната галерија.

Археитектонски стилови во Прашкиот град

Влезот во Прашкиот град Катедралата „Св. Вид“]] Последниот дел од катедралата (1344-1349) Во Прашкиот замок се претставени речиси сите архитектонски стилови од последното илјадалетие. Тука се готската катедрала „Св. Вид“, романескната базилика „Св. Ѓорѓи“, манастирот, неколку дворци, градини и одбранбени кули. Најголемиот дел од замокот е отворен за јавноста и опфаќа неколку музеи. Меѓу нив се Националната галерија со важната збирка на чешка барокна и маниристичка уметност, историските поставки, Музејот на играчките и Ликовната галерија на замокот на основа на збирката на Рудолф II. Во дворот на Старешинството секоја година се одвива Летниот шекспировски фестивал.

Градското подрачје околу замокот се нарекува Храдчани.

Цркви

Базиликата „Св. Ѓорѓи“]] Кралскиот накит на Чешка

  • Катедралата „Св. Вид, Вацлав и Војтјех“ (Katedrála svatého Víta, Václava a Vojtěcha)
  • Базилика „Св. Ѓорѓи“ (Bazilika svatého Jiří) и манастирот „Св. Ѓорѓи“ (Klášter svatého Jiříří)
  • Храм на Сите Светители (Chrám Všech svatých)
  • Капела на Светиот Крст (Kaple svatého Kříže)

Дворци

  • Стар кралски дворец (Starý královský palác)
  • Летниковец на кралицата Ана (Letohrádek královny Anny)
  • Лобковички дворец (Lobkovický palác)
  • Нов кралски дворец (Nový královský palác)

Сали

  • Столбна сала (Sloupová síň)
  • Шпанска сала (Španělský sál), Рудолфова галерија (Rudolfova galerie) и Ротмајеровата сала (Rothmayerův sál)
  • Владиславска сала (Vladislavský sál)

Други зданија

  • кулата Далиборка (Daliborka)
  • Барутна кула или Михулка (Prašná věž / Mihulka)
  • Златна уличка (Zlatá ulička)
  • Градоначалнички дом (Purkrabství
  • Мичовна (Míčovna)
  • Јавачко училиште (Jízdárna Pražského hradu)
  • Старо старешинство (Staré proboštstvíboštství)
  • Моцкеров дом (Ново старешинство)

Градини

Световацлавското лозје

  • Карлова градина (Královská zahrada)
  • Градина на терасата на јавачкото училиште (Zahrada Na terase Jízdárny)
  • Градина на Челната кула (Zahrada Na Baště)
  • Јужни градини (Jižní zahrady)
    • Рајска градина (Rajská zahrada)
    • Градина на бедемот (Garden on the Ramparts)
    • Хартигова градина (Hartigovská zahrada)
  • Зелен шанец (Jelení příkop)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Туристички атракции во Прага Категорија:Згради и градби во Прага Категорија:Дворци во Чешка Категорија:Замоци во Чешка Категорија:Национални споменици на културата на Чешка

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Matthias
11 September 2015
There is a reason why this is a MUST-SEE in Prague. Not just the castle itself but the whole sureounding area is really nice with very neat green areas and great scenic views from the balcony. ????
Simple Discoveries
28 September 2016
Enter from the North side (see google maps) vice West and you'll face much shorter lines. Buy your tickets for Tour B a day ahead (250Kz), & then you can explore the grounds until the cathedral opens.
Artyom Fedosov
7 January 2017
Everything around is just fascinating. Must visit in Prague.
Khaled ☤
28 July 2015
Make sure you get yourself to the tower to get the best seats in the house for the city of Prague! It's a 5 minute walk up the spiral stairs to get there.
Nataša Pejić
9 May 2017
Stunning place, really, everything here is so beautiful. Nice panoramic view of the city. Be sure to check out the gardens and enjoy the sun. The St. Vitus Cathedral is definitely a must see.
Alexandre Silva
1 March 2017
Prague Castle is awesome, perfectly preserved ! if imagines batles and wars !! the army room is incredible, have several types of guns, blades and old vestments !! for me is a best place in Prague.

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Old Town Square Hotel & Residence

почнувајќи од $356

Hotel Lippert

почнувајќи од $141

Grand Hotel Praha

почнувајќи од $302

Hotel Cerny Slon

почнувајќи од $117

Dusni Apartments

почнувајќи од $93

U T?í Bubn?

почнувајќи од $107

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Црква Свети Вит

Црквата Свети Вит (чешки: Katedrála svatého Víta) ) е црква која

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Prague Castle View Point

Prague Castle View Point е туристическа атракция, ед

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
St. George's Convent, Prague

The Convent of Saint George was a Benedictine convent located in the

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Златна уличка

Златна уличка (чешки: Zlatá ulička) – улица во Прашкиот замок, Чешка.

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Charles University in Prague

Charles University in Prague (also simply Charles University; Czech:

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Wallenstein Palace

Wallenstein Palace (Czech: Valdštejnský palác) is a Baroque palace in

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Wallensteinträdgården

Wallensteinträdgården är en barockträdgård vid Wall

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Loreta

Loreta is a large pilgrimage destination in Hradčany, a district of

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Bellevue Palace (Germany)

Schloss Bellevue is a château in the centre of Berlin. It is

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Московски Кремљ

Московскиот Кремљ (руски: Московский Кремль) — историски комплекс в

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Хофбург

Палатата Хофбург е палата лоцирана во Виена, Австрија, која била дом

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Casa Rosada

La Casa Rosada (Spanish for 'The Pink House'), officially known as the

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
El Mouradia

El Mouradia (Arabic: المرادية) is the name of the main preside

Видете ги сите слични места