Плоштад Република (Ереван)

Плоштад Република (ерменски: Հանրապետության հրապարակ, Hanrapetut'yan hraparak, познат и како Храпарак, „градски плоштад“) е централниот градски плоштад во Ереван, главниот град на Ерменија. Тој се состои од два дела: елипсоидна раскружница и трапезоиден дел во кој има базен со музички фонтани. Плоштадот е опкружен со пет големи згради изградени во розова боја и жолт туф во неокласичен стил при што се користени ерменски мотиви. Оваа архитектонска целина ги вклучува: зградата на владата,  Историскиот музеј, Националната галерија, Еремнскиот хотел Мариот, како и министерствата за надворешни работи и за транспорт и врски. Плоштадот бил дизајниран од  Александар Таманијан во 1924 година. Изградбата на повеќето од зградите била завршена во 1950-те години, а последната зграда — Националната галерија — била завршена во 1977 година.

Во текот на советскиот период плоштадот бил познат како Плоштад Ленин. Во центарот на плоштадот имало статуа на Ленин, а двапати годишно овде се одржувале воени паради. По прогласувањето на независноста Ерменија, статуата на Ленин била отстранета, а плоштадот го добил новото име. Плоштадот Република се опишува како ерменски и еревански „најважен градски простор”, еревански архитектонски врв”, и „најзначајна архитектонска целина” во градот. Патописецот Дејрдр Холдинг напишал дека ова е „едан од најубавите централни плоштади изградени било каде во светот во текот на 20 века”.

Архитектура

Плоштадот се состои од два дела. Првиот дел е елипсовиден кружен тек кој е поплочен со разнобојни камења, така што гледано од воздух, претставува традиционален ерменски ќилим. Другиот дел е трапезоиден по форма, и на него е сместена музичката фонтана која се наоѓа пред Историскиот музеј и Националната галерија. Градбите околу плоштадот биле изградени од розов и жолт туф во неокласичен стил при што се користени ерменски мотиви.

Историја

Градски плоштад со различни пропорции постоел на оваа локација со векови. Во текот на 2003 година плоштадот бил реновиран кога се извршени и големи ископувања, при кои бил откриен постар слој од 18—19 век. Предсоветскиот плоштад бил дизајниран од страна на Борис Мерабијан (Меграбов), кој го дал предлогот за изглед на плоштадот во својот план за Ереван од 1906—1911 година.

Денешниот плоштад бил дизајниран од страна на Александар Таманијан во рамките на неговиот план за Ереван од 1924 година. Изградбата на плоштадот според планот на Таманијан започнала во 1926 година, кога почнала изградбата на владината зграда. Зградата во која е сместена Владата била завршена кон крајот на 1950-те години, а другите згради биле комплетирани до 1977 година, кога била завршена и изградбата на Националната галерија на Ерменија. Плоштадот бил наречен Ленинов плоштад (ерменски: Լենինի հրապարակ, Lenini hraparak; руски: площадь Ленина, ploshchad’ Lenina) според советскиот лидер Владимир Илич Ленин, чија статуа била поставена во центарот на плоштадот во 1940 година, а отстранета во 1991 година, по прогласувањето на независноста на Ерменија.

Знаменитости

Згради

Зграда Историја и употреба
Зграда на Владата #1
Зградата е седиште на Владата на Еремнија (совет на владините министри, но не на целата извршна власт). Во зградата првобитно бил сместен Народниот комесаријат (извршен орган на советска Ерменија).

Северозападниот дел, изграден во текот на 1926—1929 година, бил дизајниран од страна на Александар Таманијан. Изградбата на останатите делови од зградата ги продолжил Геворг Таманијан, синот на Александар, во текот на 1938 и завршил во 1941 година.

Историски музеј
Историски музеј на Ерменија, Национална галерија на Ерменија

Изградбата започнала во 1950-те години. Националната галерија била завршена во 1977 година. Дизајнот бил на марк Григоријан и Едвард Сарапијан. Концертната сала Арно Бабаџанјан датира од 1916 година.

Ерменски Мариот хотел Ереван
Зградата била завршена во 1958 година, според дизајнот на марк Григоријан и Едвард Сарапијан. Хотелот бил наречен Ерменија во текот на советскиот период. Ова е луксузен хотел кој се смета за еден од водечките хотели во Ерменија. Има 380 соби.
Зграда на Владата #2
Зградата била дизајнирана од Самвел Сафарјан, Рафаел Израелјан и Вараздат Аревшатјан и била завршена во 1955 година. Декорациите над прозорците од првиот кат се недовршени. Во оваа зграда било сместено Министерството за надворешни работи од 1996 до 2016 година.
Министерство за сообраќај и комуникација
Зградата била изградена во 1933-1956 година, дизајнирана од страна на Марк Григоријан и Едвард Сарапијан. Во зградата било сместено Министерството за транспорт и комуникации до 2016 година.

Статуа на Ленин

Седум метарската статуа на советскиот водач Владимир Илич Ленин, дело на Сергеј Меркуров стоела на единаесет метри висок пиедестал. Била свечено откриена на 24 ноември 1940 година. Статуата била поставена така што гледала кон планираната за изградба Национална галерија, и била прогласена за „големо дело на монументалната уметност“. Статуата била отстранета од пиедесталот на 13 април 1991 година, откако Ерменија прогласила независност, а пред распадот на СССР. Била ставена на камион и „возена околу централниот плоштад како во ковчег“ додека народот весело отпоздравувал. Денес се наоѓа во дворот на Националната галерија. Пиедесталот бил во функција до летото 1996 година, кога бил отстранет.

Замена

Тер-Газаријан напишал дека „откако статуата на Ленин била отстранета, плоштадот останал без рамнотежа, а испразнетиот простор бил предмет на различни дизајнерски предлози, но ниеден не успеал.“

На 31 декември 2000 година, 24 метри висок крст осветлен со сијалици бил поставен на местото каде претходно се наоѓала статуата на Ленин. Овој споменик бил завршен во 2001 година, што била година кога ерменската држава и ерменската апостолска црква прославувале 1700 годишнина од постоењето на христијанската нација. Крстот бил симболично осветлен со 1.700 сијалици, и продолжил да биде во центарот на прославите кои биле одржувани во текот на таа година. Но, кон крајот на 2001 година, периодот на прослави завршил, а крстот бил тивко отстранет. Со оглед на тоа дека бил привремен, немало дискусии ниту при поставувањето, ниту при отстранувањето.

Во февруари 2004 година, бил поставен телевизиски екран со големина на билборд, на кој биле прикажувани реклами. It was removed in 2006.

Предлози

Во Ерменија биле одржани повеќе натпревари за да се избере соодветна замена за статуата на Ленин. Еден од најчестите предлози бил да се постави овде споменикот на Давид Сасунски, народниот херој на Ерменија. Според Тер-Газаријан поставувањето на овој национален херој би бил најсоодветен избор; но во 2013 година, таа напишала дека е малку веројатно преместувањето на овој споменик од неговото место пред железничката станица на Ереван.

Фонтани

По години на нефункционалност, музичката фонтана била реновирана од страна на француската компанија „Акватик шоу интернешенел“ што чинело околу 1,4 милиони евра. Музичката фонтана била официјално пуштена во септември 2007 година.

Божикно дрво

Божикно дрво било поставувано на плоштадот секој декември од 1950 година.

Чешма

Чешмата, позната и под називот пулпула, била поставена покрај музејските згради, а се состои од седум фонтани, поради што се нарекува и Јот агбијур („седум фонтани“). Првпат била поставена во 1965 година, а била реновирана во 2010 година.

Настани и инциденти

Паради

За време на советскиот период, на плоштадот биле одржувани воени паради во деновите: 1 мај (Меѓународен ден на трудот), 9 мај (Денот на поведата, до 1969 година) и 7 ноември (Октомвриска револуција). Водачите на советска Ерменија стоеле на подиум, поставен под статуата на Ленин. Последната од ваквите паради била одржана во 1988 година.

Воените паради за прослава на независноста на Ерменија се одржале на 21 септември 1996 година (5-та годишнина), во 1999 (8-ма годишнина), во 2006 (15-та годишнина), во 2011 (20-та годишнина), и во 2016 (25-та годишнина).

Концерти

На 30 септември 2006 година, француско-ерменскиот пејач Шарл Азнавур одржал концерт на плоштадот Република.

Н 23 април 2015 година, ерменско-американската рок група System of a Down го одржале својот прв концерт во Ерменија, на плоштадот Република. Концертот бил бесплатен, и посветен на 100 годишнината од ерменскиот геноцид.

На 8 јуни 2017 година, рускиот хип-хоп уметник Тимати одржал бесплатен концерт на плоштадот, на кој присуствувале повеќе од 40.000 лица.

Политички демонстрации

Советски период

На 24 април 1965 година, масовни демонстрации се случиле на плоштадот и на други места во Ереван, како одбележување на педессет годишнината од Ерменскиот геноцид.

Во јануари 1974 година, Размик Зохрапјан, член на Националната обединета партија на Ерменија, на плоштадот го запалил портретот на Ленин, како протест против советското тоталитарно владеење.

Независна Ерменија

По претседателските избори во 2008 година, новоизбраниот претседател Серж Саргсјан одржал митинг на кој присуствувале околу 60.000 и 70.000 „потенцијални поддржувачи” кои со автобуси биле доведени од различни делови на Ерменија. Многумина од нив се упатиле кон плоштадот Слобода, каде Левон Тер-Петросијан држел контрамитинг. Во март, после строгото казнување на демонстрантите кои го поддржувале Тер-Петросијан, плоштадот за некое време бил окупиран од ерменските вооружени сили.

На 4 мај 2012 година, за време на митингот на Републиканската партија на Ерменија и концертот што се одржувал на плоштадот Република во рамките на парламентарните избори, експлодирале десетици балони наполнети со хидроген, при што биле повредени најмалку 144 лица.

Од 17 до 23 април 2018 година, на плоштадот Република се одржале масовни протести предводени од Никол Пашињан, против владата на ново-избраниот премиер Серж Саргсјан. На 22 април, кога бил уапсен лидерот на опозицијата Пашињан, полициските сили биле распоредени на плоштадот. Десетици демонстранти биле отстранети од плоштадот. До вечерта, околу 115.000 демонстранти се собрале на плоштадот и околните улици. Во текот на наредниот ден, на 23 април, откако Саргсјан поднел оставка, плоштадот бил место на масовно славење. На 24 април, денот на сеќавање на ермеснкиот геноцид, десетици протестанти се собрале на плоштадот за да го исчистат.

Други настани

Во 1968 година, на плоштадот била прославена 2750-та годишнина на Ереван.

На 25 јуни 2016 година папата Франциск и Карекин II одржале екуменска молитва на плоштадот Република. На овој настан присуствувале околу 50.000 лица.

Наводи

Литература

Надворешни врски

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Lucille Fisher
29 March 2017
Heart of the city. Beautiful Soviet architecture though with a unique Armenian style. I love the terra-cotta bricks they use. It's reminiscent of the colors of the Armenian countryside.
Omar AR
20 July 2015
City center. This is a long exposure shot of the central fountain (taken right before the show started. Photo credits: Omar Abu Omar.
Tina M
16 July 2016
Beautiful fountain show and live music at nights. Very crowded during the weekends. Good selection of cafes and restaurants just around the corner
Diana Mirakyan
12 October 2017
The central square of the city. Beautiful architecture, dancing fountains at night, a nice place for a walk especially in the evening. You can also visit the history museum and the art gallery
Nooshin Shafiee
19 May 2018
If you’re in yerevan, you MUST come to this place from 8 to 10pm at least once. Awsome atmosphere.. indescribable.
Elena Kiseleva
8 May 2017
Если вечером попасть на шоу фонтанов (особенно в первый день), это запомнится. Не супер масштабно, но очень мило и уютно - вокруг ещё все здания в огоньках ????

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
The Alexander, a Luxury Collection Hotel, Yerevan

почнувајќи од $390

Grand Hotel Yerevan

почнувајќи од $160

North Avenue Hotel

почнувајќи од $120

Aviatrans Hotel

почнувајќи од $87

Ibis Yerevan Center

почнувајќи од $86

Nor Yerevan

почнувајќи од $52

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Национална галерија на Ерменија

Националната галерија на Ерменија (ерменски: Հայաստանի ազգային

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Национальный исторический музей Армении

亚美尼亚历史博物馆,亚美尼亚共和国的一家综合性博物馆,是该国的国家博物馆,坐落在首都埃里温的共和国广场边上。

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
ARF History Museum

The Armenian Revolutionary Federation History Museum is a museum in

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Сина џамија (Eреван)

Сината џамија (ерменски: Կապույտ Մզկիթ, Капујт Мзкит или Գյ

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Yerevan History Museum

The Yerevan History Museum (Armenian: Երևանի Պատմո

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Armenian Opera Theater

The Armenian National Academic Opera & Ballet Theatre(Armenian:

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Yerevan Ararat Wine Factory

Yerevan Ararat Wine Factory, officially known as Yerevan Ararat

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Yerevan Komitas State Conservatory

Yerevan State Musical Conservatory (YSC) or Yerevan Komitas State

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Црвен плоштад

Црвениот плоштад (руски: Красная площадь) се наоѓа во цента

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Grand Place

The Grote Markt (·) (Dutch) or Grand Place (French) is the central

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Plaza de España, Seville

The Plaza de España ('Spain Square', in English) is a plaza in the

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Piazza del Duomo, Milan

Piazza del Duomo ('Cathedral Square') is the main piazza (city square)

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Плоштад Конкорд

Плоштад Конкорд (француски: Place de la Concorde) e најголемио

Видете ги сите слични места