Сајма Saimaa | ||||
---|---|---|---|---|
upright=1.1 Поглед на Сајма од Јоутсено | ||||
Подрачје | југоисточна Финска | |||
Координати | </small> | |||
Главни истеци | Вуокса, Сајменски канал</td></tr> | |||
Сливни земји | Финска</td></tr> | |||
</tr> | ||||
Површина | 4.400 км²</td></tr> | |||
Прос. длабочина | 17 м</td></tr> | |||
Најг. длабочина | 82 км</td></tr> | |||
Зафатнина | 36 км³</td></tr> | |||
Брег | 13.700 км</td></tr> | |||
Надм. височина | 76 м</td></tr> | |||
</tr> | ||||
Острови | 3507</td></tr> | |||
Населени места |
Лапенранта, Иматра, Савонлина, Микели, Јоенсу</td></tr></table> Сајма (фински: Saimaa) — езеро во југоисточна Финска. Со површина од околу 4.400 км², ова е најголемото езеро во земјата и четврто природно езеро по големина во Европа. Настанало со топење на ледник во ледено време. Поважни населени места на бреговите се Лапенранта, Иматра, Савонлина, Микели, Варкаус и Јоенсу. Од него истекува реката Вуокса и се влева во езерото Ладога. Поради големиот број на острови и тесни канали, езерото е расцепкано на многу делови — секој со свое име. Поголеми се Сур-Сајма, Оривеси, Пурувеси, Хаукивеси, Јевеси, Пихлајавеси и Пихеселк. Поради ваквата топографија на сливот (поголем од самото езеро), Сајма има надолга брежна линија по единица површина во светот — цели 15.000 км, а подрачјето има околу 14.000 островчиња Езерото е поврзано со Финскиот Залив преку Сајменскиот канал, кој се протега од Лапенранта до Виборг. Има и канали до други помали езера во источна Финска, образувајќи мрежа од водни патишта. По нив сообраќаат претежно товарни пловила што носат дрво, минерална, метална руда, дрвна маса за хартија и други стоки, но ставени се и во туристички цели. Во Сајма живее загрозената сајменска фока (Pusa hispida saimensis), која е ендемски подвид на прстенеста фока. Друг загрозен вид што живее само во ова езеро е сајменскиот лосос. Се смета дека на бреговите на Сајма езерото настанала азбестна керамика што се изработувала од 1900 г. п.н.е. до 200 г. н.е. поради богатите и лесно достапни наоѓалишта на азбест. Поврзано
НаводиНадворешни врски
Категорија:Езера во Финска Категорија:Невски слив
|