Саут Бич, Мајами Бич

Саут Бич, истотака познато како СоБе, е соседство во градот Мајами Бич, Флорида, САД. Тоа е областа јужно од Индијан Крик и ги обиколува најјужните 23 блока од островот кој ги дели Атланскиот Океан и заливот Бискејн. Оваа област е првиот дел од Мајами Бич која се разви, започнувајќи во 1910 години, благодарение на напорите на Карл Г. Фишер, браќата Ламус, Џон С. Колинс, и други. Оваа област со текот на времето претрпела многубројни вештачки и природни промени, вклучувајќи го напредокот на регионалната економија, зголемениот број на туристи, и ураганот од 1926 година кој уништи поголем дел од оваа област.

Историја

На почетокот Саут Бич беше обработливо земјиште. Во 1870 година, Хенри и Чарлс Лам купија 165 акри (668 000 м²) за одгледување на кокос, и неговата ќерка Тејлор местото го нарече „Саут Бич“. Во 1886 година, Чарлс Лам ја изгради првата куќа на плажата. Во 1894 година, браќата Лам го напуштија островот, оставајќи ги плантажите во рацете на Џон Колинс, кој дојде на Саут Бич две години подоцна да го разгледа земјиштето. Тој земјиштето го обработуваше, откри свежа вода за пиење и во 1907 година ја прошири својата парцела од 14 улица до 67. Во 1912 година браќата-бизнисмени Ламус се здобија со 400 акри (1,6 км²) од земјата на Колинс со цел од нивниот скромен семеен дом да изградат град пред океанот. Во 1913 година Колинс започна изградба на мост од Мајами до Мајами Бич. Иако некои локални жители инвестираа во изградбата на мостот, на Колинс парите не му беа доволни за да ја доврши изградбата. Карл Г. Фишер, успешен претприемач кој во 1909 година со продавање на бизнисот на Јунион Карбид направи милини, во 1913 година дојде на плажата. Неговата визија беше од Саут Бич да направи успешен град независен од Мајами. Ова е во истата година кога се отвори ресторанот Џос Стоун Краб. Фишер му позајми 50 000 долари на Колинс да го доврши мостот, а мостот беше завршен во јуни 1913 година. Мостот Колинс подоцна беше заменет со насипот Венишан Козвеј. На 26 март 1915 година, Колинс, Ламус и Фишер ги здружија своите сили и го обединија градот Мајами Бич. Во 1920 година округот Козвеј ( преименуван во Мекартур Козвеј по Втората Светска Војна) беше завршен. Браќата Ламус го продадоа својот имот пред океанот , помеѓу 6 и 14 улица на градот. До денешен ден, оваа област е позната како Парк Ламус. Во 1920 година започна напредокот на Мајами Бич. Главните улици на Саут Бич (Петтата Улица, Алтон Роуд, Колинс Авењу, Вашингтон Авењу и Оушан Драјв) беа спремни за автомобилски сообраќај. Во 1920 години населението се зголемуваше, и неколку милионери како Харви Фајарстоун, Џ.Ц.Пену, Харви Штутц, Албетр Чемпион, Френк Сеиберлинг и Роквел Лагорс изградија домови на Мајами Бич. За ова време претседателот Ворен Г. Хардинг престојуваше во хотелот Фламинго, со што интересот за оваа област се зголеми. Во 1930 години на Саут Бич настана архитектонска револуција, со што Арт Деко, Стримлајн Модерн и Наутикал Модерн архитектурите се пренесија на Плажата. До денешен ден, Саут Бич е најголемата светска колекција на Стримлајн Модерн Арт Деко архитектура. Напиер, Нов Зеланд, друг значаен град со Арт Деко архитектура е споредуван со Мајами Бич откако беше одново изграден во Зугарт Арт Деко стил по уништувањето од земјотресот во 1931 година. До 1940 година, плажата имаше население од 28 000 луѓе. По нападот на Перл Харбор на 7 декември 1941 година воздухопловните сили на армијата ја презедоа командата над Мајами Бич. Во 1964 година, Саут Бич стана уште повеќе позната кога Џеки Глисон го донесе своето викенд шоу на степување, Шоуто на Џеки Глисоб, коешто беше ретка појава во индустријата. Започнувајќи при крајот на 70-тите години и продолжувајќи во 80-тите, Саут Бич се користеше како заедница на пензионирани луѓе со исполнети хотели и апартмани со постари луѓе кои живеат со мали приходи. Во овој период се види почетокот на ,, кокаин каубоите’’, дилери на дрога кои ја користеа оваа област како седиште на нивните нелегални активности со дрога. Лузна, објвен во 1983 година, ја симболизира оваа активност. Покрај тоа, телевизиското шоу Мајами Вајс (Пороците на Мајами) ја користи Саут Бич како позадина во шоуто заради уникатната убавина. Темите на првите епизоди на Мајами Вајс беа поврзани со насилници и зависници од дрога кои се криеа по разурантите празни згради. Само мала измена е потребна на овие сцени затоа што многу згради во Саут Бич беа навистина во очајна состојба во тоа време. Додека многу од уникатните згради со Арт Деко, како хотелот Њу Јоркер, беа недостижни за развивачите во периодот пред 1980 година, оваа област беше зачувана како споена единица од страна на Барбара Кепитмен и група на активисти кои го продолжија движењето и речиси една квадратна милја од Саут Бич ја вметнааа во Националниот регистер на Значајни места. Архитектонското подрачје на Мајами Бич беше назначено во 1979 година. Пред телевизиското шоу, Мајами Вајс, Саут Бич се сметаше за многу сиромашна област со многу криминал. Денеска, таа се семта за една од најбогатите и најпросперитетни трговски области на плажата. И покрај ова, во некои изолирани места во околината сѐ уште постои сиромаштија и криминал. Во доцните 80ти години, во Саут Бич започна ренесансниот период, со прилив на професионална модна индустрија. Во 1989 година, Ајрин Мари ги купи апартманите Сан Реј ( познати по сцените во Лузна) и ја отвори Ајрин Мари Моделс- првата меѓународна модна агенција во Флорида. Набргу следеа многу од големите агенции од Њу Јорк. Фотографери и дизајнери од целиот свет беа примамени од неоткриените оази на Арт Деко.

Модерно време

Како ноќно време така и преку ден Саут Бич делот од Мајами Бич е најзабавната дестинација со стотици ноќни клубови, ресторани, бутици и хотели. Областа е популарна и за американски и за меѓународни туристи ( главно од Европа, Латинска Америка, Канада, Израел, Карибите и во рамките на САД), од кои некои имаат постојани или втори домови овде. Најголемиот број туристи од Европа и Бразил објаснуваат дека тие имаат влијание во опуштеноста и толеранцијата на Саут Бич кон девојките во монокини одностно кои се сончаат топлес, иако се наоѓаат на јавна плажа. Одразот на жителите на Саут Бич е многу очигледен во неколку европски јазици, како и во семантичките јазици и многу други зборувани јазици. На многу жители на Мајами Бич, вклучувајќи ги и оние од Саут Бич, прв јазик им е шпанскиот, што претставува 53% од жителите, додека англискиот јазик е прв јазик на 33% од населението. Одразувајќи ја европската и бразилската заедница, португалскиот јазик (воглавно бразилско-португалскиот јазик) е зборуван од 3% од населението, додека францускиот јазик (вклучувајќи го канадско францускиот јазик) од 2% население, германскиот од 1,12%, италијанскиот од 0,99% и рускиот 0,85% од населението. Заради големиот број на еврејски и израелски заедници, Јидиш јазикот го зборува 0,81% од населението, а Хебрејскиот беше мајчин јазик на 0,74% од населението. Друг уникатен естетски атрибут на Саут Бич се шарените и уникатни куќарки на спасувачите, користени до денешен ден од страна на спасувачите на Саут Бич. По ураганот Ендру, архитектот Вилијам Лејн помогна во дизајнирањето на градот и додаде нови дизајни на кули на спасувачите. Неговите кули веднаш станаа симболи на обновениот град Мајами Бич.

Географија

На Саут Бич улиците се нумерички означени и се простираат од исток кон запад, почнувајчи од Првата улица до шеталиштето Линколн Роуд (помеѓу 16 и 17 улица). Исто така има и 13 главни патишта и авении кои се простираат од север на југ, и од страната на заливот Бискејн се Беј Роуд, Вест Авењу, Алтон Роуд, Ленокс Авењу, Мичиген Авењу, Џеферсон Авењу, Меридиан Авењу, Еуклид Авењу, Пенсилванија Авењу, Дрексел Авењу, Вашнгтон Авењу, Колинс Авењу (Флорида стеит роуд А1А) и Оушан Драјв. Има три помали авении (кои не се простираат долж цела плажа) во околината на Колинс Парк, со имиња Парк, Либерти и Џејмс. Многу локални жители сметаат дека северната граница на Саут Бич се простира долж Дејд Булевар, од Линколн Роуд од стараната на заливот, продолжувајќи исток-север-исток до 23 улица, формирајќи ја северната граница од океанската страна.

Населени соседства

Има неколку населени соседства на Саут Бич. Стереотипот за Саут Бич како седиште на пензионирани старци е прикажан во холивускиot филм, ,,Бандата‘’, со глумците Ричард Дрејфас и Барт рејнолдс. Во почетокот, на луѓето од црната раса ( афро-американци и западни индијанци), многу од кои помогнаа во изградбата на зградите со Арт Деко архитектура, не им беше дозволено за живеат на Саут Бич, ниту пак било каде во Мајми Бич. Истотака, за време на сегрегацијата, на Евреите им се наложи законот ,,Џим Кроу’’ и за тоа не им беше дозволено да живеат северно од Петата улица, па затоа областа стана позната по името Софи ( јужно од петтата улица). Во тоа време многу синагоги и еврејски театри беа изградени во околината. Во денешно време, истата област ( Софи) може да се пофали со најексклузивните и најскапи згради изградени на Мајами Бич. Денес всушност на Софи, релативно мала област, и припаѓаат 18 % од данокот на имот за цела Мјами Бич бидејќи таму се наоѓаат многу скапи имоти. Кулите од стакло во околината ги опфаќаат големите згради-одмаралишта како што се Кулата Портофино и зградите сестри како ИКОН (конструирани од дизајнерот Филип Старк), Мурано во Портофино, Мурано Гранде во Портофино, Апоџи и Континум билдингс( 1 и 2). Сега, таа ја заобиколува областа од Атланскиот Океан на исток до заливот Бискејн на запад, и од Петата улица со Саут Поинт Парк. Иако е област најмногу со станови за живеење, овде има и некои трговски објекти( воглавно ресторани, неколку хотели и комплексот Мајами Бич Марина). Во оваа област се наоѓаат неколку познати локали за ноќен живот, како Пиум Гарден, Приве, Ники Бич Клаб и Перл. Истотака овде има неколку помали барови и ресторани како Џоис Стоун Крабс, Смит и Воленски стеик хаус и Чајна грил. Во Саут Бич истотака се наоѓаат две училишта; средното училиште Мајами Бич и основното училиште Саут Поинт.

Фламинго Парк е значајно соседство кое се наоѓа северно од Петата улица и се простира од Алтон Роуд на запад со Вашингтон Авењу на исток, а северна граница е Линколн Роуд; Ленокс не спаѓа во него. Оваа обалст главно се состои од ниски згради со апартмани со арт деко архитектура, во која се сместени сезонски или постојани жители, со неколку Бед енд Брекфаст Инс. Трговијата е ограничена до Алтон Роуд, Вашингтон Авењу и Линколн Роуд. Денес, нема значаен ноќен живот, со исклучок на Тантра на ќошот од Еспањола Веј и Пенсилванија Авењу. Овде истотака се наоѓа Фламинго Парк, еден од парковите на Саут Бич, каде се одвиваат многу рекреативни активности како пливање за возрасни и деца, тенис, кошарка, и каде се наоѓаат терени за прошетки на кучиња.

Еспањола Веј Хисторик Дистрикт е првиот значаен округ во Мајами Бич формиран во 1986 година. Тој е мешавина од соседства на трговија и станови за живеење кој се простира долж Еспањола Веј од Колинс Авењу до Џеферсон Авењу, и во него се наоѓаат познатиот Хотел Клеј на ќошот од Вашингтон Авењу, каде Деси Арназ во 30-тите години ја започна познатата игра румба. Округот Еспањола Веј граничи со Фламинго Парк, и е опколен со округот Фламинго Парк кој најчесто се спомнува кога се зборува за Соседството Фламинго Парк.

Фламинго Вест е соседство на обични семејни домови кое се простира северно од паркот до Линколн Роуд на Ленокс и Мичиген Авењу.

Колинс Парк според Мајами Њус Тајмс е најмодерното соседство во Саут Бич. Весникот ги посочува новото одмаралиште Санкчуари Спа Резорт, јавната библиотека и многу други места како докази на тоа дека е современо соседство. Колинс Парк се протега помеѓу 17 улица на југ, 23 улица на север , Атланскиот Океан на исток и Вашингтон Авењу/ Пајнтри Драјв на запад. Тој се наоѓа веднаш спроти Мајами Бич Конвеншн Центар. Колинс Парк главно се состои од ниски згради со арт деко архитектура, изградени во 30-тите и 50-тите години; во него истотака се наоѓа Бас Мјузием оф Арт. Моментално ситуацијата се менува, откако старите апартмани од 80-тите ( многу од кои имале решетки на прозорците) се купени од големите градители на имоти од Њујорк и Јужна Флорида за да бидат изградени во кондоминиуми. Освен тоа, голем број високи зргади се наоѓаат долж Беј Роуд и Вест Авењу, а постојат и мултисемејни домови лоцирани северно од Линколн Роуд и источно од Колинс Парк. Фламинго, најголемиот комлекс на апартмани во светот, се наоѓа на Беј Роуд.

Паркови

  • Ламус Парк- Оушан Драјв од 5 до 14 улица
  • Фламинго Парк- помеѓу Мичиген Авењу и Меридијан Авењу од 11 улица до Еспањола Веј
  • Саут Поинт Парк- Вашингтон Авењу и Саут Поинт Драјв
  • Саут Бич Парк- Оушн Драјв и 2 улица
  • Колинс Парк- Колинс Авењу и 21 Улица
  • Мајами Бич Голф Клаб- Алтон Роуд и 23 Улица на запад

Транспорт

Јавниот транспорт во Саут Бич, како и во Даунтаун и Брикел се користи многу, и претставува движечка сила на животот во Саут Бич. Иако Саут Бич нема директни Метрореил станици, бројни Метробус линии ( контролирани од Мајами-Дејд Транзит), го поврзуваат со Даунтаун Мајами и Матрореил ( односно ,,С’’ автобуската линија). ,,Саут Бич Локал’’ или ,,СБЛ’’ е една од најкористените линии во Мајами, и ги поврзува сите поважни места во Саут Бич со поголемите автобуски линии во градот. Еарпорт-Бич Експрес ( рута 150), во контрола на МДТ, е директна автобуска линија која ги поврзува Интернационалниот Аеродром Мајами со поважните места во Саут Бич. Цената на превозот чини 2,35 долари, а возна линија има од 6:00 часот наутродо 11:00 часот навечер, седум дена во неделата. Саут Бич, заедно со неколку други соседства во Мајами (како Даунтун и Брикел) е едно од ретките места каде животот без кола е вообичаеност. Многу жители на Саут Бич се движат пешки, со велосипед, со мотор, автобус или такси, бидејки соседството е многу урбано и нуди патеки за пешачење. Често има метеж во сообраќајот, па многу често полесно и побрзо ќе се стигне на некое место пешки отколку со кола. Неодамна Мајами Бич започна иницијативи за возење велосипеди, како и за градење на паркинзи за велосипедите и велосипетски патеки, со што возењето велосипеди стана многу популарно меѓу жителите и туристите. Венецискиот Насип на пример е популарна велосипедска рута која ги поврзува Саут Бич и Даунтаун. Линколн Роуд, Оушан Драјв, Вашингтон Авењу и Колинс Авењу се познати по метсата за шопинг, за храна, како и забавата на улиците која е приредена за пешаците. Линколн Роуд е шопинг улица само за пешаци, а на 35 улица на Колинс Авењу се наоѓаат продавници наменети за купувачи од високата класа. Мометално во план е трамвај систем , наречен ,,Бејлинк’’. Бејлинк ќе ги поврзува Саут Бич и Даунтаун од Гавернмент Сентар Стејшн преку насипот Мекартур.

Трговски и други области

Линколн Роуд

Линколн Роуд е отворен трговски центар, и се смета за прв шопинг центар во Саут Бич. Таму се наоѓаат многу ресторани и неколку ноќни клубови, како што се Скор и Фанкшн, како и многу продавници на мало. Едно време Линколн Роуд не беше ценето место, но во 80-тите години започна периодот на ренесанса и тој прерасна во центар на уметноста и културата. Со неговите уникатни бутици и ресторани, тој има ,,мистериозен стил кој одржува модерен изглед ‘’. (Оушан Драјв Мегазин) Тој се наоѓа помеѓу 16 и 17 улица и се простира долж плажата во правец исток-запад. Во 90-тите години еден од рестораните на Линколн Роуд беше во сопственост на Мајкал Кеин, а со него раководеше една од неговите ќерки. Ресторанот сега е затворен. Трговијата на Линколн Роуд најмногу се одвива околу гаражите за паркинг на 17 улица. Одборот за зачувување на Мајами Бич неодамна го одобри стопирањето на одвивање на сообраќај на западниот дел од Линколн Роуд, заради реновирањето на зградата Сан Траст. Проширувањето на трговскиот центар се должи благодарение на отварањето на Стеј ат Линколн во март 2008 година.

Оушан Драјв

Оушан Драјв е најисточната улица на Саут Бич, и започнува на југ од Првата го 15 улица, простирајќи се во правец север-југ. Оушан Драјв со својата естетика најмногу го оправдува очекувањето на посетителите од другите делови на градот. Тој е познат како туристичка и ,, Спринг Брејк’’ околина, вклучувајќи ги локалните Перл и Ники Бич ноќни клубови. Овде истотака се наоѓаат неколку елитни ресторани ( ,, Њус кафе’’, ,,Мангос’’, и МТВ познатиот ,, Кливлендер’’) како и поранешниот дом со поглед кон океанот на Џани Версаче. Хотелот Карлил на Оушан Драјв во близина на 13 улица и значаен симбол на Арт Деко архитектурата. Изграден во 1939 година, тој е еден од најбараните хотели за фото сесии, снимање на телевизиски емисии, снимање на холивудски и независни филмови. Во 1996 година надвор од хотелот е сниман фимот ,, Кафез’’ .

Колинс Авењу

Колинс Авењу се простира паралелно на Оушан Авењу, еден блок на запад. Таа уште се нарекува и Стејт Роуд А1А. На Колинс се наоѓаат многу значајни хотели со Арт Деко архитектура, и неколку ноќни клубови на север, вклучувајќи ги Минт и Рокбар.

Еспањола Веј

Еспањола Веј , која се простира од Колинс Авењу до Пенсилванија Авењу, беше смислена од Н.Б.Т. Рони ( од хотелот Рони Плаза) во 1925 година како ,, Старо шпанско село’’ беше направена по модел на медитеранските села во Франција и Шпанија. Денес во неа се наоѓаат уметнички галерии, ресторани и ексцентрични продавници.

Алтон Роуд

Алтон Роуд е главната западна улица која се простира север-југ и се наоѓа 1-3 блока од заливот Бускејн. На делот кој преминува преку Саут Бич, се наоѓаат многу локални бизниси, како перални, мали продавници за мебел, мали прехрамбени продавници, ресторанчиња и сендвичари. Штом ќе се премине Мичиген Авењу северно од Саут Бич, на патот се наоѓаат главно домови. Измислениот лик и протагонист од првите три игри на серијалот Дрив3р, Офицер Танер, живееше во измислен ќор сокак на Алтон Роуд.

Вашингтон Авењу

Вашингтон Авењу е една од најпознатите улици на Саут Бич. Простирајќи се паралелно со Оушан и Колинс, Вашингтон Авењу е позната по светски најголемите и најпознати ноќни клубови, како Камео и Меншн. За време на ,, сезоната’’ ( од 15 октомври до 15 мај) улицата е преполна со сообраќај до раните утрински часови ( до 6 часот наутро) секоја вечер во неделата. Во 90-тите години Саут Бич избувна како дестинација на ноќни клубови, а меѓу влијателните луѓе во ноќните клубови се вбројуваше Ингрид Касарес, чии инвеститори ја вбројуваат и пејачката Мадона.

Ноќен живот

Саут Бич има активни клубови и барови. Таму се наоѓаат повеќе од 150 клубови и други места, кои работат до 5 часот наутро. Саут Бич е скапа дестинација, и нелокалните гости тешко можат да влезат во ноќните клубови ако немаат некои врски или веќе направена резервација. Влезот во повеќе популарните ноќни места чини од 20-60 долари зависно од настанот и местото и понекогаш за влез се чека и по неколку часови, во зависност од проценката на обезбедувањето. Ноќниот живот во Саут Бич е динамичен и често променлив, иако Кливландер и Мекс Клаб Деус се постојани туристички места за излегување на Оушан Драјв повеќе од десетина години. Просечен клуб останува отворен само една сезона или помалку. Неодамна, локалната самоуправа презема превентивни чекори за таквите краткорочни места. Телевизиската емисија ,, Убергајд’’ во продукција на Пис Арк Ентертејнмент, неодамна подготви репортажа за Саут Бич, именувајќи го ноќниот клуб Б.Е.Д. за еден од десетте најдобри легендарни барови во светот.

Модни снимања

Саут Бич е еден од светски најпознатите локации за модни снимања, претварајќи ја околината на Мајами за центар на модните снимања во САД. 1500 модели во просек живеат во оваа област, а многу повеќе доаѓаат за време на сезоната на модно снимање, од октомври до март. Најпознато место за снимања е Оушан Драјв, но се користат и други споредни улици.

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
SUP SOBE Paddle Boarding Miami
Beautiful sunrises. White sand, clear waters. South beach is by far one of the most beautiful beaches in the world. It's always most beautiful in the early am when nobody is there.
Enrique Gutiérrez Arzate
26 September 2015
Beach is good. Honestly, being from Mexico, leaves this beach as a standard one. Want to experience the best a beach has to offer? Go to the Caribbean. I must say that girls are very hot though...
Mahmoud Elmassry
4 September 2016
Quite place nice babes but no service and if it's there it's very costly a 15 dollars for a chair on sea without a towel or umbrella and glass of water for 4 dollars get your staff with you and towel
Candice Rivera
26 July 2016
The water is crystal clear here and always inviting in that summer Miami heat! Love this beach at night too, it cools off and there's a nice calm and cooling breeze.
Murat
6 Април 2018
Beautiful golden/white sand beach, just meters away from hotels. Bring your own towel and drinks/food. Umbrellas and sunbeds are available with descent prices. Sea is great, but seaweed is all around
Joanne Moussa
20 October 2017
Amazing! Free sunbeds and beach towels if you’re a hotel guest! You can also buy snacks & drinks and charge them to your room number!
9.0/10
Mike B, Jeff Greif и 7,478,924 повеќе луѓе биле тука

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
The Sagamore Hotel

почнувајќи од $127

The Sagamore Hotel

почнувајќи од $0

Iberostar Berkeley Shore

почнувајќи од $138

The Ritz-Carlton, South Beach

почнувајќи од $0

Albion Hotel

почнувајќи од $89

Crest Hotel Suites

почнувајќи од $94

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Holocaust Memorial on Miami Beach

The Holocaust Memorial on Miami Beach is a Holocaust memorial in Miami

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
World Erotic Art Museum Miami

The Weam Miami, located in the heart of the Art Deco District, is a

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Jungle Island

Jungle Island is a zoological park in the City of Miami, Florida,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Trinity Episcopal Cathedral (Miami)

'Trinity Episcopal Cathedral' redirects here. For the cathedral church

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
First Church of Christ, Scientist (Miami, Florida)

First Church of Christ, Scientist, located at 1836 Biscayne Boulevard

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
American Airlines Arena

The American Airlines Arena is a sports and entertainment arena

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
The Torch of Friendship

The Torch of Friendship is a monument located on Biscayne Boulevard in

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Freedom Tower (Miami)

The Freedom Tower is a historic 1925 landmark building in Miami,

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Diamond Beach

Diamond Beach е туристическа атракция, един от най-Плажи в Kálfafell

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Golden Gardens Park

Golden Gardens Park is a public park in Ballard, a neighborhood in

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Reynisfjara beach

Reynisfjara beach е туристическа атракция, един от най-Плажи в

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Haeundae Beach

Haeundae Beach is an urban beach in Busan, South Korea. Often dubbed

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Bograshov Beach (חוף בוגרשוב)

Bograshov Beach (חוף בוגרשוב) е туристическа атракция, един от най-

Видете ги сите слични места