Севанското езеро (Հայերեն. Սևանա լիճ) е најголемото езеро во Ерменија и едно од најголемите езера на големи надмосрски височини во светот.
Поранешните имиња на езерото биле Гегаркуник (Հայերեն. Գեղարքունիք), Гегамско Море (Հայերեն. Գեղամա ծով), и Гогча (турски назив за Сино езеро).
Целото езеро е сместено во ерменската провинција Гехаркуник. Се храни од 28 реки и потоци. Само 10% од вливата вода истекува во реката Храздан (Раздан), бидејќи 90% испарува.
Пред човечкото влијание да го уништи езерото, тоа било длабоко 95 m, имало површина од 1.360 km² (5% од целокупната ерменска површина), волуменот му бил 58 km³ и имало перијаметар од 260 km. Езерската површна билана 1.950 m надморска висина.