Шенбурнската палата (гернански: Schloss Schönbrunn) е дворец кој се наоѓа во Виена, Австрија. Објектот е вклучен во списокот на УНЕСКО во 1996 година. Во 1569 година, светиот римски император Максимилијан II го купил местото каде денеска се наоѓаат парковите и различните градби. Тој таму изградил зоолошка градина. Новиот дворец бил изграден во времето на Леополд I во 1696 години, а градбата била завршена три години подоцна. Дворецот станал резиденција на царевите. Во следните години, при доаѓање на секој император на власт, дворецот претрпувал одредени промени. Во времето на Марија Тереза, дворецот бил преобразуван во стил рококо.
По паѓањето на монархијата во 1918 година, дворецот бил претворен во музеј. Овде се одржила и историската средба помеѓу Џон Кенеди и Никита Хрушчов во 1961 година.