Споменик на слободата – споменик во Рига кој е симбол на независноста и слободата на латвискиот народ. Го изработиле Карлис Зале и Ернестс Шталбергс. Свечено е отворен на 18 ноември 1935 година на годишнината од независноста на Латвија во 1918 година. Парите се обезбедени од донации на локалните жители. На предниот дел е запишано Tēvzemei un Brīvībai што значи „За татковината и слободата“. Споменикот е изработен од светлосив гранит, додека самата статуа е изработена од бронза во Шведска. За време на советската окупација било строго забрането собирање околу споменикот и полагање на цвеќе. По враќањето на независноста, повторно е воспоставена почесна гарда.