Стариот мост е мост кој се наоѓа на реката Неретва во Мостар, Босна и Херцеговина. Бил изграден помеѓу 1557-1566 година од страна на турскиот архитект Хајдурин. Мостот е долг 30 метри и се издига на 20 м над реката Неретва во својата највисока точка. На 9 ноември 1993 година мостот бил разрушен од страна на хрватската војска. Самиот мост бил повторно обновен во 2004 година кога и е ставен под заштита на УНЕСКО. Овој мост е познат како главен симбол на градот Мостар во Херцеговина.