Стара скопска чаршија

Старата скопска чаршија (Türkçe. Eski çarşı Üsküp; shqip. Çarshia e Vjetër e Shkupit) е трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.

Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија датираат од XII век. Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови, како и други турски споменици. Чаршијата претрпела големи штети со земјотресите од 1555 и 1963 година, пожарот во 1689 година, како и двете светски војни, по што неколку пати била обновувана. Но, и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во Македонија, во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.

Во чаршијата преовладува отоманската архитектура, иако се забележителни и остатоци од византиската, а во последно време се забележува и примената на модернистичката архитектура. Голем број од градбите кои некогаш служеле како преноќувалишта за трговските патници или како амами за намесниците и управителите во градот се пренаменети и служат како простор за одржување на културно-уметнички настани. На просторот на чаршијата и во нејзината околина се останати и неколку џамии, турбиња, две цркви и саат-кула, а во втората половина на XX век биле изградени и зградите кои го сочинуваат Музејот на Македонија и зградата на Музејот на современата уметност. За развитокот на чаршијата низ историјата, нејзината културна вредност и занаетите кои биле застапени на просторот сведочат предметите изложени во Музејот на Старата скопска чаршија, сместен во рамките на Сули ан.

Со Законот за Старата скопска чаршија донесен од страна на Собранието на Република Македонија на 13 октомври 2008, чаршијата беше прогласена за културно наследство од особено значење и оттогаш е под трајна заштита на државата. На почетокот од 2010 година, започна да се спроведува петгодишна програма за ревитализација на чаршијата, која има за цел обновување на објектите, поддршка на занаетите, како и постигнување економски и културен развој на просторот на чаршијата.

Историја

Шаблон:Главна

Ран период

Најстарите археолошки пронајдоци пронајдени на Скопското кале посочуваат дека околниот простор бил населен уште 4.000 години п.н.е., додека првите историски податоци наведуваат дека први кои се населиле на просторот биле Пајонците во VI век п.н.е.

Со завладејувањето на Скупи од страна на Римјаните, започнала изградбата на храмови, бањи и театри, со што градот станал значаен верски и културен центар во Римската империја, што придонело и за развој на просторот на денешната чаршија.

Во 518 година, Скупи бил разурнат од катастрофален земјотрес, па со доаѓањето на власт на Јустинијан I била изградена нова престолнина која оддалечена од просторот на разурнатиот град. Сепак, за да се заштити населението кое го напуштило градот, тоа се населило на еден рид на којшто императорот Јустинијан го изградил денешното Кале.

Со создавањето на Самоиловото царство, Скопје добил стратешко, политичко, економско и културно значење, а просторот околу Скопското кале бил утврден со изградба на бедеми, со цел да се сочуваат неговите богатства. Во времето на Цар Самоил, на бедемите била изградена и голема градска порта, подоцна позната како „Порта до водната кула“, која послужила за одбрана од нападите на византискиот император Василиј II во 1001 година.

Среден век

Византиска власт

По потпаѓањето на Самуиловото царство под визатиска власт во 1018 година, императорот Василиј II го претворил Скопје во седиште на тема и црковно седиште, на чело со епископ кој бил избиран на секои четири години. По смртта на Василиј, неговиот наследник, Роман III Аргир, презел активности за обновување на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“, кој според грамота од 1300 година на српскиот крал Стефан Урош II Милутин се наоѓал на брегот на реката Серава, на ридот наречен „Виргин“, односно на местото каде денес се наоѓа Султан-муратова џамија и бил еден од најбогатите и најугледни манастири на поголем дел од Балканскиот Полуостров во тоа време.

Според зачуваната Виргинска грамота од 1277 г., императорот му дал одобрение на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“ да организира годишен панаѓур на празникот „Воведение на Богородица“ на 21 ноември секоја година, со право да наплаќа одредени давачки заради негово издржување, како и неделен пазар најнапред во секој петок, а подоцна и во вторник. Ваквите настани биле организирани во периодот од 1028 до 1034 година, на простоот на манастирската ливада, која се наоѓала на надворешноста на тогашното скопско подградие Доленград, крај десниот брег на реката Серава, односно на местото на кое денес се наоѓа Бит-пазар.

Со доаѓањето на власт на дијастијата Комненени на почетокот на XII век, градот бил избавен од постојаните воени закани и во овој релативно мирен период бил забележан значителен развој. Развојот бил проследен со изградба на бедеми и одбранбени кули околу Доленград, а биле градени и манастири и цркви. Со изградбата на бедемите, просторот на кој се одржувал панаѓурот се нашол веднаш под нив, покрај северната порта, од која се излегувало на патот кон Цариград. Силниот развој на трговијата придонел за градот да се расчуе како значаен трговски центар, па раширувањето на трговските односи е одбележано и со присуството на панаѓурот и неделниот пазар дури и од страна на дубровничките и венецијанските трговци. Во своето дело „Стара скопска чаршија“, Коста Балабанов наведува дека се појавила неможност трговците да ги продадат донесените производи во еден ден, со што се појавила потребата да преноќат и тие започнале тоа да го прават на манастирската ливада. Меѓутоа, управата на манастирот, која ги наплаќала давачките и управувала со просторот, не дозволвуала тој да се користи за подигнување на трајни градби. Поради тоа, некои трговци започнале да се засолнуваат во внатрешната страна од бедемите на Доленград, чии порти навечер се затворале. Со тек на време, започнало постепеното засолнување во внатрешноста од градот, понувајќи од северната, па сè до јужната порта. Кон крајот на XII век, веќе биле подигнати трајни простории за складирање на стоката, биле воведени давачки за користење на градското земјиште и започнало продавањето на стока од овие простори, не само за време на пазарните денови, туку и надвор од нив, со што практично бил создаден трговски простор кој се развил во денешната чаршија.

Во текот на XIII век, трговскиот протстор продолжил да се развива, иако градот повторно бил подложен на воени судири, освојувања и грабежи. Бројот на дуќани започнал да се зголемува, а просторот бил проширен и околу северната порта, внатрешноста на Доленград и околу црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.

И покрај постојаните воени судири, Скопје во тој период го добил својот прв трговски центар, трговско-занаетчиска градба, која во тоа време била една од најголемите и најскапите на Балканот. Оваа градба се наоѓала во јужниот дел од Доленград, крај бедемот покрај кој минувале заштитниот канал со вода и коритата на реките Вардар и Лепенец. Имала 15 издолжени сводови, под кои се наоѓал простор кој зафаќал површина од 1.200 m2. Последните нејзини остатоци биле разрушени во првата половина од XX век, а таа целосно е видлива на гравура од холандскиот графичар Јакобус Хаверин, изработена во 1594 година и објавена во Нирнберг.

Српска власт

Во 1282 година, српскиот крал Стефан Урош II Милутин го освоил Скопје, со што градот влегол во составот на Рашка, а подоцна и во рамките на средновековната српска држава. Овој период се одликува со изградбата на многубројни црквии, манастири и дворци во и околу градот. За време на својот престој во Скопје, во 1299 и 1300 г., византискиот пратеник Теодор Метохит забележал дека освен Горенград, постои и Доленград, кој бил заштитен со ѕидини.

Како најсветол период од српското владеење се смета времето на царот Стефан Душан, кој во 1345 година го прогласил Скопје за престолнина на својата држава, а веќе следната година бил во него и крунисан за цар. Во негово време, чаршијата не се споменувала како посебен трговски центар, туку градот, општо, се наведува како главно трговско место со развиено занаетчиство, каде што посебна улога имале дубровничките и венецијанските трговци. Според Стојан Новаковиќ и Гедеон Јуришиќ, за време на владеењето на царот Душан дури бил изграден и Куршумли-ан, кој служел како воена касарна. Освен тоа, некои автори сметаат дека на местото на денешната Султан-муратова џамија се наоѓал и Душановиот царски дворец.

По смртта на Стефан Душан, градот бил под српска власт сè до 1392 година, кога Вук Бранковиќ им го предал на Отоманците, со што влегол во рамките на Отоманската Империја.

Отоманско време

XV век

Со освојвуањето на Скопје од страна на отоманските Турци, забрзано започнал да се менува етничкиот состав на населението во градот. Исто така, богатството со коешто располагале месните цркви, манастири, а и самото население преминало во рацете на Турците. Градот бил претворен во воено упориште и во негови рамки започнала изградбата на величествени објекти од сакрален карактер, кои видно ја имзениле и архитектурата на градот.

На просторот на Доленград и средновековната чаршија започнала изградбата на голем број капитални и сакрални објекти, кои се јавиле како неопходни да ги задоволат потребите на нараснатото муслиманско население. Така, на темелите на тогашните црки започнала изградбата на џамии, а наскоро започнале да се градат и разни други објекти од стопански карактер. Уште во првите декади на XV век, освојувачот на градот, Паша Јигит-бег, на местото на коешто тогаш се наоѓала црквата „Св. Врачи“ ја изградил Јигит-пашината џамија.

Големи промени на архитектонскиот карактер на чаршијата настанале во времето на вториот отомански намесник на Скопје, Исхак-бег, и во времето на неговиот син, Иса-бег. На темелите на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“ Исак-бег ја започнал изградбата на Султан-муратовата џамија, чијашто изградба била завршена во 1436 година. Во 1438, на просторот на манастирската ливада, тој ја започнал изградбата на Исхак-беговата (Шарена) џамија, во чиишто рамки е изградено и турбе, каде што бил погребан. По неговата смрт, започнувајќи од 1445, па сè до 1469 година, неговиот син и наследник, Иса-бег, изградил бројни објекти а просторот на чаршијата, кои биле неопходни за стопанскиот развој на градот. Така, во негово време биле изградени: Безистенот, Чифте амамот, караван-сарајот Сули ан и конакот Капан ан. По смртта на Иса-бег, по негов завет е изградена Иса-беговата џамија (1475), а подоцна и Хаџи-касамовата џамија (1489-1490) и Мустафа-пашината џамија (1492).

Во периодот од 1489 до 1497 година, познатиот дарител, Даут-паша, вложил во изградбата на повеќе објекти во чаршијата, меѓу кои најпознат е Даут-пашиниот амам. Истовремено, како придружни градби на големите џамии биле изградени и имарети, т.е. јавни куји во кои се приготвувала и служела храна за бездомниците и патниците кои престојувале во градот.

XVI-XVII век

Во периодот на XVI и XVII век, чаршијата го достигнала својот урбан и стопански зенит, развивајќи се во една од најголемите ориентални чаршии на Балканот. Забрзаниот развој на трговијата и изградбата на нови дуќани и објекти продолжила и понатаму. Во 1504 година, во непосредна близина на чаршијата, Јахја-паша изградил џамија, која денес во негова чест е позната како Јахја-пашина џамија. Забележително во тој период е што се појавиле повеќе помали чаршии, во зависност занаетите кои биле застапени на просторот. Така, на просторот на чаршијата постоеле: кожарско-ќурчиска, калајџиска, железарска, платнарска, кујунџиска и други помали чаршии. Освен тоа, во чаршијата започнала со работа и ноќна стража, која за чување на дуќаните наплаќала по 12 акчиња.

Караван-сарајот Куршумли ан бил обновен кон средината на столетието, а во 1543 година започнала повторната изградба на црквата „Св. Спас“, којашто била прв христијански објект за кој Турците одобриле обновување. Силниот земјотрес, кој во 1555 го погодил Скопје, причинил огромни штети во чаршијата, но сепак градот набргу закрепнал и продолжил непречениот развој на трговијата. Голема улога во тоа имале многубројните трговци кои ја посетувале чаршијата и создавале свои колонии. Поголемиот дел од трговијата се одвилвал благодарение на влијателната еврејска колонија, а била создадена и колонија на дубровачките трговци.

Втората половина од XVI век ја одбележала изградбата на Саат-кулата во 1572 година, која била подигната во дворот на Султан-муратова џамија и набргу станала заштитен знак на градот.

Со оглед на фактот што градот прераснал во значаен развиен трговски град во европскиот дел од Отоманската Империја, во текот на XVII век бил псоетен од голем број трговци и патеписци, кои во своите записи давале опис на изгледот на чаршијата и начинот на кои се водела трговијата во неа. Еден од нив е и познатиот отомански патеписец, Евлија Челебија, кој двапати го посетил градот во периодот од 1660 до 1668 година и за време на неговата прва посета (1660-1661) за чаршијата забележал: Шаблон:Cquote

Англискиот лекар и патеписец Едвард Браун, кој го посетил градот во 1669 година, бил воодушевен од безстенот во чаршијата со неговиот оловен покрив и наведва дека околу него имало улици покриени со штици и разновидни занаетчиски дуќани. Тој, исто така, споменува дека од Скопје во тој период биле извезувани најразновидни производи, како волна, восок, тутун, платно, свила, сребрени предмети и разни други украси.

Сепак, развојот на чаршијата и мирот којшто владеел бил прекинат со повлекувањето на отоманската војска по неуспешната опсада на Виена во 1683 година и навлегувањето на австриските трупи предводени од генералот Пиколомини. Пиколомини го запалил Скопје, а големиот пожар од 26 и 27 ноември 1689 г. речиси целосно го уништил градот. Како псоледица на пожарот, чаршијата била речиси целосно уништена, а сè што останало се само неколку џамии и амами.

XVIII-XIX век

По големите штети предизвикани со пожарот во 1689 година, чаршијата била обновувана во текот на целиот XVIII век. Нејзиниот нов развој бил отежнат поради економски ослабнатата Отоманска империја, но и поради големите епидемии на чума и други заразни болести.

Со воведувањето на реформите од првата половина на XIX век, се создале подобри економски услови и за развој на чаршијата. Била согледана потребата од развиено занаетчиско производство, па биле воведени мерки за заштита на занаетчиите, што директно влијаело на забрзаниот развој на чаршијата. Истовремено, забележително е што во градот се доселувало македонско христијанско население од околните села. Со тоа, се зголемил бројот на македонски занаетчии и трговци, кои имале главна улога и во обновувањето на црквите во и околу чаршијата, откако султанот Мехмед II им одобрил на христијанските верници да градат цркви на територијата на Империјата. Така на пример, црквата „Св. Димитрија“ била неколку пати реновирна во текот на XIX век, сè додека не го добила својот денешен изглед со последните промени во 1896 година. Еврејското население, пак, ја обновило синагогата Бет Јаков.

Значајни промени во тој период настанале во целокупниот изглед на чаршијата, така што постојана била изградбата на нови дуќани и објекти. Кон средината на столетието, забрзан бил пробивот на нов, современ архитектонски стил, кој придонел чаршијата полека да започне да го губи својот ориентален облик. Голем број од градбите биле во стилот на староградската македонска архитектура, но се воочувале и елеменети од еклектицизмот и барокот. На просторот од Даут-пашиниот амам до Бит-пазар се простирале дуќани, анови и амами, а по улиците се движеле трговци од повеќе земји. Во тоа време, српскиот политичар и историчар, Стојан Новаковиќ чаршијата ја опишал како

„склоп тесни и криви улички со многу трговско-занаетчиски продавници и дуќани. Улиците биле покриени со штици, а дуќаните со ќепенци... Чаршијата е долга и има повеќе напречни улици, исто така покриени...“

Според записите на голем број патеписци кои ја посетиле чаршијата во втората половина на XIX век, во неа успешно работеле од 50 до 90 различни видови занаети, здружени во силни еснафски здруженија и поделени во одделни помали чаршии во рамките на единствената Скопската чаршија. Тоа придонело, Скопје, одново, да стане значаен трговски центар, не само на Балканскиот Полуостров, туку и на територијата на целата Отоманска Империја. Во својот патепис од 1896 година, Виктор Рерар запишал: Шаблон:Cquote

Чаршијата од XX век до денес

Почетокот на XX век се одликува со бројни немири и војни, како и големи промени во стопанскиот живот, предизвикани од раширувањето на капиталистичките општествени односи и развојот на градските населби. Во текот на Првата светска војна била причинета штета во чаршијата, па во првите години по војната е забележан нејзин развој преку обновување на старите трговски и занаетчиски објекти. Во тоа време, чаршијата територијално се проширила и преку Камениот мост, на десниот брег од реката Вардар, сè до железничката станица.

Појавата на Големата криза во светот во раните 1930-тите имала голем одраз и врз трговијата во чаршијата. Дошло до раслојување и осиромашување на занаетчиството, зголемување и на невработеноста и на задолженоста. За текот на овие години во чаршијата сведочи и репортажата на Љубо Стојовиќ во весникот „Вардар“ од 1934 година, во која тој ја исакнува монотоноста и здодевноста во чаршијата и како трговците ги молат купувачите да купат. Тој, исто така, ја споменува и запуштеноста на безистенот и тоа дека е затворен како тврдина и издаван под кирија.

За време на Втората светска војна, чаршијата била целосно економски умртвена и била користена за потребите на НОБ во Вардарска Македонија. Така, во неа биле подготвувани илегални акции, а служела и како засолниште за припадниците на НОБ. Во близина на Исхак-беговата (Шарена) џамија се наоѓа куќа во која од 1942 до 1944 година престојувале и се состанувале членови на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и на Оперативниот штаб. Во непосредна близина пак на Камениот мост, на местото на денешната зграда на Комерцијалната банка, имало куќа во која била сместена првата илегална работилница за оружје, муниција и диверзантски материјал.

Периодот на војната е време во кое биле причинети огромни штети и загуби во самата чаршија и во нејзината околина. Чаршијата останала без своето еврејсо население, чијашто депортација кон концентрациониот логор Треблинка започнала на 11 март 1943 година. Истата 1943 година, бугарските фашистички власти ја ограбиле и опожариле црквата „Св. Богородица“, која се наоѓала во непосредна близина на чаршијата, а за време на бомбардирањата на Скопје била уништена и Јигит-пашината џамија. До темел била разурната и синагогата Бет Јаков. Од црквата „Св. Спас“, бугарските власти го разглобиле иконостасот, со намера да го префлат во трезорите на Народната банка, но по војната истиот бил вратен во црквата.

По завршувањето на Втората светска војна, просторот на чаршијата, повторно, се преворил во главен трговски центар во градот. Во тој период, под раководство на Заводот за заштита на спомениците и културата, за првпат започнало систематско истражување и проучување на чаршијата како споменик од непроценлива вредност, кое имало за цел да пронајде начини за нејзина понатамошна заштита.

На 26 јули 1963 со силниот земјотрес кој го погодил Скопје, голем број на дуќани биле целосно разрушени. Од културно-историските знаменитости, речиси целосно разрушени Сули ан, Капан ан, џамиите Араста и Казанџилер, и Ѓулчилер амам. Делумно разрушени биле Чифте амамот, Куршумли ан, црквата „Св. Спас“, Безистенот, џамијата Ќосе Кади и Султан-муратовата џамија.

Обновувањето на разрушената Скопска чаршија продолжило по земјотресот, за чијашто цел до израз доаѓа примената на современ градежен материјал. Во раните 1970-тите биле обновени водоводната и канализационата мрежа, а било извршено и поплочување на улиците низ чаршијата и отстранување на турската калдрма. Во тој период, исто така, бил изграден и мост со стоковна куќа над булеверот Гоце Делчев, со чија помош биле споени отсечените делови од чаршијата. Кратко потоа, започнало и обновувањето на речиси целосно разрушените Капан ан и Сули ан, по што биле обновени и останатите културно-историски знаменитости, кои претрпеле штети со земјотресот. Освен тоа, некои градби биле посветени на културата и уметноста, а биле изградени и нови, како што се групата згради во рамките на Музејот на Македонија и Музејот на современата уметност.

Во ноември 2006, во чаршијата беше поставен споменик на Скендербег. Македонскиот премиер, Никола Груевски, во 2010 година изјави дека Старата скопска чаршија е вклучена во проектот „Скопје 2014“, најавувајќи започнување на проект за ревитализација и заштита на чаршијата. Непосредно пред споменикот на Скендербег, над булеварот Гоце Делчев и веднаш до мостот кој ги поврзува Даут-пашиниот амам и црквата „Св. Димитрија“ со остатокот од чаршијата, на 17 јануари 2012 година беше поставен камен-телник за изградба на плоштадот „Скендербег“.

Граници и административна поделба

Чаршијата немаше јасно утврдени граници сè до донесувањето на Законот за Старата скопска чаршија во 2008 година. Со него, детално беа утврдени границите на чаршијата на сите четири страни, површината на просторот во рамките на така утврдените граници, како и неговите географски координати. Исто така, чаршијата беше поделена и на три контактни зони, чијашто заедничка површина е поголема од онаа на просторот во чии рамки е ограничена чаршијата. Според административната поделба на Скопје, местото на кое се простира чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.

Според поделбата по видови, Старата скопска чаршија спаѓа во групата на „сложени чаршии“ од средновековно-ориентален карактер, што означува постоење на една до две главни улици и повеќе сплетови на занаетчиски улички кои се надоврзуваат кон нив. Најстарата сообраќајница која минувала низ чаршијата била онаа која одела по т.н. „Царскиот пат“. Започнувала од Камениот мост, па продолжувајќи покрај Еврејското маало, минувала покрај исчезнатиот монументален Караван-сарај, леарницата за пари, Даут-пашиниот амам и во продолжение низ чаршијата. Денес, овој правец е пресечен со булеварот Гоце Делчев, а точката на пресекот се смета и за влез во чаршијата. Голема улога за денешната изглед и обем на простирање на чаршијата има процесот на контролирана или неконтролирана урбанизација. Објектите кои се наоѓаат во чаршијата се групирани во повеќе од педесет урбани блокови, а притоа е сочувана автентичноста на уличната мрежа. Сепак, некои делови значително се изменети во споредба со времето пред земјотресот од 1963 година, а изменета е и автентичноста на некои објекти, што сериозно влијаело на нарушување на основниот карактер на видот на чаршијата. Промени има и во поглед на функцијата на чаршијата, па така нејзината денешна функција се огледува преку општите стопански и економски состојби.

Занаетчиство

Најголемиот процут на занаетчиството во чаршијата бил во текот на XIX век, а кон крајот на столетието, просторот на истата бил поделен врз основа на еснафската поделба меѓу занаетите. Според тоа, еден занает или повеќе помали и сродни заанаети биле застапени во една улица или еден блок, со што биле создадени повеќе помали чаршии. Така, една од поголемите чаршии била Бакалската чаршија, која била дел од Покриената чаршија и се наоѓала на улицата Белградска. Во рамките на Покриената чаршија се наоѓала и Кафтанџиската, чијшто еснаф бил најголем, а занаетот најважен во Скопје во тој период. Кафтанџиската чаршија, пак, била една од најстарите чаршии воопшто во градот. Спроти Куршумли ан се наоѓала Железарската чаршија, а кон неа се надоврзувала Опинчарската. Казанџиската чаршија била сместена на улицата Караорман и по неа продолжувала Туфекџиската, а во рамките на овие две биле сместени ибрикџиите. На просторот на чаршијата постоеле уште Јорганџиска и Ковачка чаршија; Ќурчиска, која се наоѓала во близина на Ќурчи ан; Чибукџиска, која била веднаш до Казанџиската и Папуџиско одларе, кое се наоѓало јужно од Капан ан.

Изучувањето на занаетите во тоа рвеме било тесно поврзано со општествената положба на занаетчиите и една од функциите во еснафската организација. Учениците на занаетчиите биле земани да ги изучуваат занаетите за период од 5 до 10 години, а понекогаш тој можел да биде и подолг, што зависело од особеностите на занаетот којшто требало да биде совладан. Кога започнувале да го изучуваат занаетот, мајсторот морал да ги снабди своите ученици со потребните алати за работа. Познато е дека секој занаетчија морал да обучи барем по еден син, што придонело кон пренесување на занаетот од колено на колено и создаавње на занаетчиски семејства. На тој начин, имињата кои тие ги уживале како прекари прераснале дури и во нивни презимиња.

Знаменитости

Шаблон:Главна

Камен мост

Шаблон:Главна

Камениот мост на реката на Вардар ги поврзува плоштадот Македонија на десниот брег и Старата скопска чаршија на левиот брег од реката. За неговото постоење постојат две различни мислења. Според првото, изграден е во VI век, непосредно по катастрофалниот земјотрес во 518 година, во време на владеењето на императорот Јустинијан I. Други сметаат дека мостот бил изграден во втората половина на XV век, меѓу 1451 и 1469, време кога на чело на Отоманската Империја бил султаниот Мехмед II Освојувачот. Низ вековите претрпел повеќе промени, па така доградуван е во време на султанот Сулејман Величествениот и на српскиот цар Душан. За време на Втората светска војна, мостот бил миниран, но по ослободувањето на градот било спречено активирањето на динамитот, со што мостот бил спасен од уривање. Современите промени и доградувања имаат за цел да го доближат кон неговиот првоибтен изглед.

Мостот е изграден од травертински камени блокови, врзани со железни куки и зацврстени со леано олово и кршен камен и малтер. Во својот првобителн изглед содржел 13 полукружни лакови, имал должина од 213,85 m (329 чекори) и ширина од 6,33 m. Денес, мостот е прооден само за пешаци, но историски по него се одвивал и жив сообраќај.

Името „Камен мост“ го добил поради тоа што бил изграден со употреба на кршен камен. Освен тоа, мостот историски е познат и како „Душанов мост“, во чест на српскиот цар Душан.

Камениот мост се смета за симбол на градот Скопје и е прикажан како составен елемент на грбот на градот.

Црква „Св. Димитрија“

Шаблон:Главна

Православната црква „Св. Димитрија“ е сместена во непосредна близина на Камениот мост, на почетокот од чаршијата од нејзината јужна страна и по

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Metehan Ramazanoglu
26 May 2014
This is a really great place, reveals multi-cultural face of Skopje. There is a brotherhood between religions and cultures. My favourite advise must to see this historical, lovely place.
Aleksandar Micev
2 January 2016
Get lost a bit in the old town of Skopje. A must for any visitor here. Go inside the little shops. People are usually very friendly.
Best in Skopje
28 May 2015
Skopje Old Bazaar is the best representation of Skopje. You can see many historical monuments, you can try traditional Macedonian food, drink rakija, buy souvenirs and meet interesting people.
Mark the Spark
12 September 2014
Even disposed and pushed of by authorities for years, still the most original and authentic part of the city. The real Skopje.
Carl Griffin
11 December 2015
Wonderful place to enjoy a drink and watch the world walk by.
Angeleska Simona
15 September 2013
Sleeping in the old houses in the Old Bazаar gives you morning when the sound of the nearby church and mosque is mixed in the air while you're walking the old stone-rode like in the old french movies.
8.7/10
Ahmet Ersöz и 49,673 повеќе луѓе биле тука

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Skopje Marriott Hotel

почнувајќи од $191

Skopje Marriott Hotel

почнувајќи од $162

Ibis Skopje City Center

почнувајќи од $75

Hotel Solun

почнувајќи од $104

Ibis Skopje City Center

почнувајќи од $0

Solun's Riverside Rooms

почнувајќи од $48

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Чифте амам

Чифте амам е поранешен амам во Скопје, којшто се наоѓа во средишниот

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Црква „Св. Спас“ - Скопје

Црквата Св. Спас е еден од најзначајните споме

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Мустафа-пашина џамија

Mustafa Pasha Mosque is a mosque located in the Old Bazaar of Skopje,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Музеј на Македонија

Музеј на Македонија — музејска установа составена од пове

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Национална галерија на Македонија

Националната галерија на Македонија е уметнички музеј на Република Мак

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Скопско кале

Скопската тврдина Кале е сместена на високот рид наречен Градиште,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Музеј на македонската борба

Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Музеј на современата уметност (Скопје)

Музеј на современата уметност — музеј на современата уметност во Скопј

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Beşiktaş Sahili

Beşiktaş Sahili е туристическа атракция, един от най-Markets an

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Okage Yokocho (おかげ横丁)

Okage Yokocho (おかげ横丁) е туристическа атракция, един от най-

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Sarona Market (שרונה מרקט)

Sarona Market (שרונה מרקט) е туристическа атракция, един от най

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Tsukiji fish market

Tsukiji fish market (築地市場, Tsukiji shijō) is the biggest wholesal

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Капали чаршија (Истанбул)

Капали чаршија (турски: Kapalıçarşı, во превод Затворен пазар ил

Видете ги сите слични места