Сводот на Галериј (грчки: Τόξο του Γαλερίου) и гроб на Галериј (грчки: Τάφος του Γαλερίου) — антички споменици кои се наоѓаат во градот Солун, Егејска Македонија. Гробот на римскиот цар Галериј е познат како „Ротонда на Галериј“ и „Ротонда на Свети Ѓорѓија“.
Во почетокот на IV век во времето на царот Галериј биле изградени овие структури, меѓу кои се наоѓал и палатата, од која има остатоци од југозапад. Овие три објекти биле поврзани помеѓу себе. Сводот бил изграден по победата на царот над Сасанидското царство и паѓањето на Ктесифон. Ротондата, во текот на своето постоење била користена како пагански, христијански, муслимански и повторно христијански храм. Од претходната џамија, останато е само мирарето без врвот.
„ |
„ |