Тамбомачај или Тампумачај (кечуански: tanpu mach'ay) е археолошки локалитет кој потекнува од периодот на Тавантинсују, кој денес се наоѓа во Перу. Често местото се нарекува „бања на Инките“. Локалитетот се состои од неколку аквадукти, канали и водопади кои поминуваат на карпести тераси.