Танаското езеро (спелувано и како T'ана, амхарски: ጣና ሐይቅ Ṭānā Hāyḳ,"Тана езеро," или во постарите верзии како Tсана, Геез ጻና Ṣānā; понекогаш нарекувано и "Дембија" според регионот на север од езерото) претставува изворот на Синиот Нил и е најголемо езеро во Етиопија. Се наоѓа во северозападниот дел на Етиопската висорамнина, и според податоците од 1967/68, тоа е долго околу 84 km и широко околу 66 km, со максимална длабочина од 15 m. Се наоѓа на надморска висина од 1.840 метри. Главни притоки на езерото се реките Мал Абај, Реб и Гумара и има површина од 3.000 дo 3.500 km² зависко од дождовните периоди.