Тангањика е езеро во централна Африка. Се протега на север до Бурунди, на исток до Танзанија, на југ до Замбија и на запад до ДР Конго. Долго е 680, меѓутоа широко само помеѓу 16 и 72 километри. Најголемата длабочина изнесува 1.436 метри и со тоа е, по Бајкалското Езеро, најдлабоко езеро во светот. Единствениот одлив од Тангањика е реката Лукуга која се наоѓа во Конго. Фауната околу езерото изобилува со голем број на птици и околу 200 видови на риби, а на брегот има крокодили и нилски коњи. Околината на Тангањика се одликува со голема плодност. Првите европејци кои го откриле езерото се британците Јохн Спеке и Сер Ричард Бартон.