Таупо Taupo | |||
---|---|---|---|
upright=1.1 Поглед на езерото Таупо | |||
Подрачје | округ Таупо, регион Ваикато, Северен Остров | ||
Координати | </small> | ||
Вид | кратерско езеро, олиготрофно</td></tr> | ||
Главни приливи | Ваитахануи, Тонгариро, Тауранга Таупо</td></tr> | ||
Главни истеци | Ваикато</td></tr> | ||
Слив | 3.487 км²</td></tr> | ||
Сливни земји | Нов Зеланд</td></tr> | ||
</tr> | |||
Најг. должина | 46 км</td></tr> | ||
Најг. ширина | 33 км</td></tr> | ||
Површина | 616 км²</td></tr> | ||
Прос. длабочина | 110 м</td></tr> | ||
Најг. длабочина | 186 км</td></tr> | ||
Зафатнина | 59 км³</td></tr> | ||
Проточност | 10,5 год.</td></tr> | ||
Брег | 193 км</td></tr> | ||
Надм. височина | 356 м</td></tr> | ||
</tr> | |||
Острови |
Мотутаико (11 ха)</td></tr></table> Таупо (маорски: Taupo) — езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд. Со површина од 616 км², ова е најголемото езеро во Нов Зеланд и воопшто во Океанија. Таупо има обиколка од околу 193 километри, а најголемата длабочина изнесува 186 метри. Езерото се празни во реката Ваикато (најдолгата во земјата), а поважни притоки се Ваитахануи, Тонгариро и Тауранга Таупо. Познато е по богатиот рибен фонд од речна и калифорниска пастрмка (донесени во XIX век). Образување на езерото и вулканизамМестоположба на езерото Езерото Таупо е сместено во калдера (вдлабнатина) создадена со супервулканска ерупција која се случила пред околу 26.500 години. Според геолошките наоди, вулканот избувнал 28 пати во последниве 27.000 години. Исфрлениот материјал главно се состоел од риолитна лава, со исклучок на извесно количесто на дацитна лава која ја создала блиската планина Таухара. Тука се случила најголемата вуланска ерупција во историјата на светот. Ерупцијата исфрлила 1.170 кубни километри материјал и со тоа околното подрачје од неколку стотини квадратни километри пропаднало и создало калдера. Подоцна калдерата се наполнила со вода, која потоа се преплавила и создала огромна одливна поплава. Во меѓувреме се случиле неколку покрупни ерупции, пред последната ерупција во 180 г н.е. Се смета дека со оваа ерупција се исфрлени 100 кубни километри материјал, од кои 30 кубни километри биле исфрлени за само неколку минути. Ова е една од најбурните ерупции во последните 5.000 години, со индекс на вулканска експлозивност 7. Столбот на ерупцијата бил двојно повисок од оној на Сент Хеленс во 1980, а пепелта го заруменила небото над Рим и Кина. Најголемиот дел од Северниот Остров бил разорен. Последната ерупција на Таупо се случила во 210 г. н.е. Оваа ерупција ги создала гребените Хороматанги, но и покрај тоа, таа била многу послаба од онаа во 180 г. н.е.. Ерупцијата од 180 г. н.е. е една од најголемите во пишаната историја. Ефектите на оваа појава врз небото и залезот се запишани во книгите на римските и кинеските набљудувачи од тоа време. Можно е да имало и климатски последници врз Јужната Полутопка. Подводната хидротермална активност продолжува и понатаму, близу отворот Хороматанги,, но во моментов вулканот се смета дека мирува (но не и дека е изгаснат). Жив светГолем дел од подрачјето на езерото Таупо е шумовито, каде е најзастапена буката и ножноплодните дрва, со придружни папратници сочинети од видовите Blechnum filiforme, Asplenium flaccidum, Doodia media, Hymenophyllum demissum, Microsorum pustulatum и Microsorum scandens, како и честак од видовите Olearia ranii и Alseuosmia quercifolia. Автохтони животниски видови во езерото се ендемските ракови коура (Paranephrops planifrons) и ситните риби кокопу (Galaxias). Езерото е има богат рибен фонд од речна пастрмка (Salmo trutta) и калифорниска пастрмка (Oncorhynchus mykiss) донесени од Европа и Калифорнија кон крајот на XIX век. Донесени се и кркушки како храна за пастрмките. Околу геотермалните отвори живеат сунѓери и придружни без’рбетници. Таупо е домаќин на велосипедски маратон околу езерото кој трае од четири до десет часа. Највеќето учесници се жители на гратчето Таупо. Популарна туристичка активност е и падобранството. Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вулкани во Нов Зеланд Категорија:Езера во Нов Зеланд Категорија:Кратерски езера Категорија:Ваикато
|