Термес или Пермес во грчката митологија бил бог на реките.
Термес бил речен бог во Беотија во централна Стара Грција. Неговата река извиралала на планината Хеликон, протекувала на северната страна на крајот од градот Аскра и се вливала во езерото Копаис. Најважното е дека соседните реки биле Кефис на северозапад , Лам на југ, Исмен на југоисток и Плејист (или Плист) на запад. Неговите родители најверојатно биле Океан и Тетија, а според Паусанија, ќерката му била Аганипа. Му се препишуваат и ќерките: Аскра, Либетријада и Петра (Либетриде), Еуфема, Телфуса и Тисба.