Титикака, е најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот. Тоа е воедно и највисокото езеро во светот (се наоѓа на 3810 метри надморска височина). Долго е 196, а широко 56 километри во просек и се протега од југоисточниот дел на Перу па се до западна Боливија. Површината изнесува 8300 километри квадратни, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри под површината. Вкупно 25 реки со површина од околу 58.000 километри квадратни се вливаат во езерото Титикака кај областа Алтиплано. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото - Desaquadero. Поради испарувања езерото губи 95% од влеаната вода. Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Isla de Titicaca. Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките. Располага со многу видови риба, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.