Тринити била првата проба на нуклеарно оружје. Пробата била спроведена од страна на САД на 16 јули, 1945 на локација одалечена 56 km (35 miles) југоисточно од Сокоро, Ново Мексико, со команден штаб блиску до Аламогордо. Тринити проба претставувала имплозија на плутониумска бомба—истиот тип на бомба била фрлена на Нагасаки, Јапонија, неколку седмици подоцна. Силината на детонацијата била еквивалентна на експолозија на околу 20 килотони на класичен ТНТ експлозив, и се смета за почеток на Атомската ера.