Тврдината Баба Вида (бугарски:Бабини Видини кули)) е тврдина која се наоѓа во Видин, Бугарија. Тврдината била изградена во 10 век, а претходно истата била користена од страна на римјаните како воен пункт, која била изградена во 3 век. Во времето на Иван Срацимир, таа бил проширена. Денеска, комплексот располага со двор со плоштина од 5 декари и се состои од два основни ѕида и четири кули. Во текот на својата историја, тврдината имала големо стратегиско значење за одбрана на градот Видин. По доаѓањето на османлиите, тврдината била користена како затвор и воен магазин.