Уаскаран (шпански: Huascarán) или Невадо Уаскаран (Nevado Huascarán) е планина во Перу, која се наоѓа во покраината Јунгај. Планината е дел од венецот Кордилјера Бланка, односно Андите. Највисоката точка, односно јужниот врв на Уаскаран е најголем врв во Перу и во целиот тропски појас. Уаскаран е шеста најголема планина во Западната Хемисфера, по Аконкагва, Охос дел Саладо, Монте Писис, Серо Бонете и Невадо Трес Крусес. Името на планината е добино од Уаскар, 16 Сапа Инка на Тавантинсују.