Улуру или Ајерс рок е песочна карпа која се наоѓа на Северната територија, токму во средината на Австралија. Се наоѓа на 450 km од Алис Спрингс. Оваа карпа која нагло се возвишува во сува рамница настанала како причина на песочните наноси кои ветрот ги носел со векови. Улуру преставува свето место за Абориџините, австралиски доморотци. Неговата црвена боја, се менува под дејство на Сонцето, во текот на целиот ден. Денес Улуру представува еден од многубројните национални симболи на Австралија.