Велигденскиот остров (rap. Rapa Nui, español. Isla de Pascua) е Полинезиски остров во југоисточниот Пацифик на најјугоисточната точка на Полинезискиот триаголник. Островот е посебна територија на Чиле. Познат е по своите монументални статуи наречени моаи (Шаблон:IPAEng), створени од Рапанујците. Тие се дел на Листата на светското културно наследство заедно со Рапанујскиот национален парк.
Името„ Велигденски Остров“ било дадено од страна на првиот регистриран европски посетител холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој пристигнал на островот на самиот ден Велигден во 1722 година. Официјалното ине на островот е шпанскиот назив, Isla de Pascua, шпански термин за „Велигденски остров“.
Сегашното полинезиско име на островот „Rapa Nui“ или „Големиот Рапа“, било сковано од страна на работничките имигранти од Рапа на Островите Бас, кои биле поврзани со својата земја, но депортирани како перуански робови во 1870те. Како и да е, Тор Хејердал тврди дека името Рапа е оригиналното име на островот, додека Рапа Ити е дадено од страна на бегалците.
Постојат неколку хипотези за "оригиналното" полинезиско име за островот, вклучувајќи го и Te pito o te henua, или "Папокот на Светот". Легендата вели дека првото име на островот е Te pito o te kainga a Hau Maka, или "Малото парче земја на Хау Мака". Другото име Mata-ki-Te-rangi, значи "Очи кои зборуваат со небото."
Велигденскиот Остров е еден ос најизолираните острови во светски рамки кој воедно е населен. Тој се наоѓа на 3.600 km (2.237 mi) западно од континентално Чиле и 2.075 km (1.290 mi) источно од Питкерновите Острови (Сала и Гомез).
Шаблон:Main Најпознати витови се:
Рапа Нуи е вулкански остров. Рапанујците имале цивилизација од каменото време и правеле неколку вида на домородски камења:
Големите камени статуи, или моаи (moai), по кои Велигденскиот Остров е најпознат биле создадени за релативно брзо време во текот на породуктивната мегалитска активност. Вкупно 887 монолитни камени кипови се инвентирани на островот и во музејските збирки. Иако често се идентификуваат како "Главите на Велигденскиот остров", киповите всушност се потполно торзо, кои клечат на колена и имаат скрстени раце кои лежат на нивните желлудници. Некои исправени Моаи останале закопани до вратор како последица на тектонските движења. Шаблон:Clear
.]]
Аху (Ahu) се камени платформи кои се разликуваат по големината. Многу од нив се значајно преобработениво текот на ерата Хурија мо'аи или кип-свргну]]. Многу од нив станале костурница, еден е отворен со динамит, и Аху Тонгарики е уништен од цунами. Аху Тонгарики, еден километар од Рано Рараку, имала најголем и највисок Моаи од вкупно 15. Останати забележани се Аху Акиви, онновен во 1960 од страна на Вилијам Муллој, Нау нау на Анакена и Тахаи. Аху без камени Моаи можеби имало од дрва но сега се изгубени.
Класични елементи на дизајнот на аху се:
, една од петте внатрешни аху]]
Врвот на аху може да биде:
Бројот на населението сперед последниот попис во 2002 иснесувало 3.791 (3.304 само во Ханга Роа). 60% биле Рапанујци, Чилеанци биле 39% од вкупното населени, додека останатиот дел од 1% биле Американски староседелци претеќно од чилеанското копно.
Рапанујците исто така мигрирале од островот. Според пописот во 2002, 2.378 жители живееле на чилеанското копно (половина од нив во метрополитенската област на Сантјаго).
Густината на населенито иснесувала само 23 жители на km² (60 на sq mi), многу помалку одтколку во 17 век кога вкупното население броело околу 15.000 жители со околу 92 жит. на km² (214 на sq mi).
Во 1982 година бројот на населението изнесувал 1.936 жители. Ова е како последица на недомородното чилеанско население кое се населувало на островот и со тоа постепено се губел полинезискиот идентитет. Во 1982 околу 70% од населението биле Рапанујци. Населението било намалено за 2.000-3.000 поради ропството. Во 19 век околу 2.000 рапанујци биле транспортирани во чиле да работат како робови во Перу ос страна на европејците.