Вансанската шума (фр. Bois de Vincennes) е парк во англиски стил во источниот дел на Париз. Паркот го носи името по градот Вансан кој се наоѓа во близина.
Оваа шума е дел од XII округ во Париз.
Подрачјето зафаќа површина од 9,947 km² (или 2,458 акри), што е речиси трипати пошироко од Централ Парк во Њујорк, и четири пати пошироко од Хајд Парк во Лондон.
Во минатото паркот бил ловиште за француските кралеви, а потоа, после Француската Револуција станал место на кое се правеле воени вежби. Во јавен градски парк се претворил за време на Наполеон III во 1860.
Паркот официјално станал дел од градот Париз во 1929.
На северниот крај на Вансанската шума се наоѓа Вансанскиот замок, кој бил омиленото второ живеалиште на многу француски кралеви во 14-от век.
Шумата се користи денес и за спортски активности. Во источниот дел се наоѓаат Вансанскиот хиподром и велодром а воедно и Францускиот институт за спорт и физичко образование.
Во западниот дел се наоѓа зоолошка градина.
На подрачјето на Вансанската шума се простираат 4 езера, напојувани со вода од реката Марна:
„ |