Вирцбуршкиот дворец (гер. Würzburger Residenz) е дворец во Вирцбург, Германија. Тој е дело на тогашниот водечки барокен архитект Балтазар Нојман, по нарачка на кнезот-епископ на Вирцбург, Јохан Филип Франц фон Шенборн и неговиот брат Фридрих Карл фон Шенборн во 1720 г. и бил завршен во 1744 г. Фреските во внатрешноста ги насликал венецијанскиот сликар Џовани Батиста Тиеполо со помош на неговиот син, Доменико. Најспектакуларни ентериери се скалиштето, капелата и големиот салон. Наполеон Бонапарт дворецот го нарекол „најубавиот свештенички дом во Европа“.
Дворецот бил многу оштетен во Втората Светска војна, и неговата реставрација е во прогрес уште од 1945.
Шаблон:Германска градба-никулец