Замоци в Petit Moisenay

Во-ле-Виконт

8.9/10

Во-ле-Виконт (фр. Château de Vaux-le-Vicomte) е француски барокен дворец (шато) во Менси, близу Мелен, 55 km југоисточно од Париз во департманот Сена и Марна, Франција. Бил изграден во периодот од 1658 до 1661 за Никола Фуке, Маркиз од Бел-Ил-на-Море, Виконт од Мелен и Во, финансов управник (министер) на кралот Луј XIV.

Во-ле-Виконт на многу начини е највлијателното дело во Европа во средината на XVII век, најпрефинетата куќа во Франција изградена по Мезонскиот дворец. Тука заедно со архитектот Луј Ле Во, пејзажниот архитект Андре Ле Нотр и сликарот-декоратор Шарл Ле Брен за прв пат работеле заедно на голем проект. Нивната соработка го означува почетокот на еден нов поредок: величенствениот манир на „стилот Луј XIV“ во кој спаѓаат системи на заедничка работа, кои можеле да се применат на градбата, нејзините ентериери и уметнички дела и на создавањето на цел пејзаж. Овој дворец е еден од најдобрите градби во Европа од ова време.

Градината на Ле Нотр била доминантниот елемент на големиот комплекс. Дворецот се издигна на подигната платформа, отворена во средината на шумите, и ја одбележува границата помеѓу нееднаквите протори, третирани на различен начин. Самиот плац, за разлика од оној на Версај, бил природно добро наводнет, со две рекички кои се среќаваат во паркот; една од овие била канализирана, па така настанал Големиот канал.

Историја

ите според првичниот изглед. XVII век]]

Некогаш ова било мало шато кое се наоѓало помеѓу кралските дворци Вансене и Фонтенбло. Во 1641 поседот го купил Никола Фуке, амбициозен 26-годишен член на Парискиот парлеман.

По петнаесет години, Фуке станал главен финансов управник на кралот Луј XIV (министер за финансии) и тогаш започнала изградбата на најубавиот дворец во Франција. Во овој проект соработувале тројца генијални уметници кои Фуке ги имал избрано: архитектот Луј Ле Во, сликарот-декоратор Шарл Ле Брен и пејзажниот архитект Андре Ле Нотр.

За кратко време дворецот станал голем центар на префинети гозби, книжевност и уметност. Меѓе уметниците блиски на Фуке биле и поетот Ла Фонтен и драматургот Молиер. На самата инаугурација на дворецот била изведена пиеса од Молиер, заедно со вечера, организирана од Вател, заедно со импресивен огномет.

Дворецот бил раскошен, префинет, и маѓепсен по изглед, но и богат по задкулисна драма. Накратко по една славна прослава на 17 август, 1661 со Молиеровата пиеса 'Les Fâcheux'. Прославата била премногу импресивна, а домот премногу лускузен, па Жан-Баптист Колбер успеал да го наговори кралот дека овој сјај е финансиран од манипулација со јавните фондови. Колбер го уапсил Фуке, па го заменил како финансов управник. Подоцна Волтер за резимира славната прослава вака: „На 17 август, во шест навечер Фуке беше Крал на Франција: во два наутро тој беше никој и ништо“. Ла Фонтен исто така напишал опис на прославата, и накратко потоа и неговата Елегија за нимфите од Во.

По апсењето Фуке бил затворен доживотно, неговата жена била протерана, а Во-ле-Виконт бил конфискуван. По конфискацијата, кралот купил 120 таписерии, статуите, и сите портокалови дрва. Потоа пратил група уметници (Ле Во, Ле Нотр и Ле Брен) да проектираат проект многу поголем од Во-ле-Виконт: Версај, потоа последователно менуван од најголемите архитекти, како Жил Ардуен Мансар и Анж-Жак Габриел, зголемувајќи го сѐ до Француската револуција.

Мадам Фуке си го вратила имотот по десет години и се повлекла да живе со најстариот син. По смртта на Фуке во 1680, синот исто така умрел. Во 1705 решила да го стави Во-ле-Виконт за продажба.

Новиот сопственик станал маршалот Вилар, иако никогаш го немал видено местото. Во 1764 неговиот син го продал на војводата од Празлен, чии потомци го одржувале имотот во следните сто години. Замокот бил место на свирепо убиство во 1840-тите, кога тогашниот војвода од Шуазол-Празлен ја убил жена си во спална соба. По триесет години запоставување, дворецот повторно се нашол на пазарот. Во 1875 Алфред Сомије го купува Во-ле-Виконт на јавна лицитација. Дворецот бил празен, некои од помошните згради веќе биле руинирани, а славните градини биле сосема обраснати. Огромниот проект за реставрација и обновување ја започнал реномираниот архитект Габриел-Иполит Дестељо. До смртта на Сомије во 1908, дворецот и замокот го повратиле својот стар изглед. Неговиот син Едме Сомије и неговата снаа го завршиле проектот. Денес нивните потомци продолжуваат со работата на Во-ле-Виконт. Дворецот и понатаму е во приватна сопственост (на грофот од Вогуе) но бидејќи државата го назначила местото за историски споменик, тоа е отворено за посетители.

Карактер

Како и многу замоци во северна Франција, Во од трите страни е опколен со вода (шанец), со аксијален влезен дрворед кој продолжува по мост во отвореното предворје. Градбата е симетрична и цврство интегрирана, со малку издаден централен блок и павилјони по краевите, и две повратни крила кои се издаваат нанапред. Секој структурен елемент е потенциран со традиционални високи покриви со пирамидални завршетоци.

Одзади на градбата доминира нејзиниот издаден овален „Голем салон“ по средината кој се издига во полна висина на куќата, и е завршен со овална купола. Куќата го доминира нејзиниот подреден пејзаж кој се извива од густите околни шуми, со балансирана композиција на водни басени и канали во камени ивичници, фонтани, чакални патеки, и партери во разни шаблони кои сепак се покохерентни отколку огромната композиција на Версај.

Надворешни врски

Шаблон:Commons

Категории:
Објавувате коментар
Совети
Подредете по:
Gabriela
4 August 2013
It really is worth seeing this beautiful chateau at night. Incredibly beautiful experience.
Filmsquare
25 May 2013
The Château appears in Moonraker (1979) as the estate of villain Hugo Drax. In the film it is superimposed onto the Mojave desert where it was supposedly transported "brick-by-brick".
Локација
Мапа
Адреса

0.4km from D215, 77950 Maincy, Франција

За да добиете насоки
Работно време
Mon-Sun 10:00 AM–6:00 PM
Референци

Château de Vaux-le-Vicomte за Foursquare

Во-ле-Виконт за Facebook

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Campanile Melun Senart - Vert Saint Denis

почнувајќи од $88

Le Grand Monarque

почнувајќи од $115

Hotel Premiere Classe Melun Senart - Vert Saint Dennis

почнувајќи од $51

hotelF1 Melun

почнувајќи од $31

ibis Melun

почнувајќи од $65

Hotel Restaurant du Mée

почнувајќи од $98

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Château de Brie-Comte-Robert

The Château de Brie-Comte-Robert is a castle in the town of

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Forest of Fontainebleau

The forest of Fontainebleau is a mixed deciduous forest lying sixty

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Corbeil Cathedral

Corbeil Cathedral (Cathédrale Saint-Spire de Corbeil) in the town of

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Château de Grégy

The Château de Grègy is a château in Évry-Grégy-sur-Yerre, Sein

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Фонтенбло (дворец)

Фонтенбло е дворец сместен во близина на Париз,во парискиот реон, во

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Évry Cathedral

Évry Cathedral (Cathédrale de la Résurrection d'Évry) is a Roman Cat

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Parc des Félins

Parc des Félins is a zoological park in France dedicated to the

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Grand Mosque of Évry

With its minaret, the Grand Mosque of Évry, in Évry, France, is one o

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Old Westbury Gardens

Old Westbury Gardens is the former estate of John Shaffer Phipps

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Arundel Castle

Arundel Castle in Arundel, West Sussex, England is a restored medieval

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Leeds Castle

Leeds Castle, four miles (6.5 km) southeast of Maidstone, Kent,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Hever Castle

Hever Castle is located in the village of Hever in the Sevenoaks

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Château de Chantilly

The Château de Chantilly is a historic château located in the town o

Видете ги сите слични места