Вулсторп крај Колстерворт (англ. Woolsthorpe-by-Colsterworth) е селце во парохијата Колстерворт во грофовијата Линколншир, Англија. Најпознато е како родно место на англискиот научен великан Исак Њутн.
Вулсторп крај Колстерворт се наоѓа 170 км северно од Лондон, а 1 км западно од магистралата А1 (Една од главните северно-јужни магистрали во Велика Британија. Автопатот минува крај местото, кое самото се развило крај Големиот Северен Пат (Great North Road). Селцето се наоѓа 3-4 км од границата со грофовијата Лестершир, а 6 км од границата со Ратленд.
Селцето сега се наоѓа во пријатна, прилично рурална средина, но сепак има подолга историја како место важно по стопанското рударство и каменоломство.
Вулсторп Манор, родната куќа на Исак Њутн, е типична јоуманнска куќа од XVIII век, изградена од варовен камен, со придружни сточарско-полјоделски објекти од подоцнежно време. Денес таа е во сопственост на Националната задолжбина и е отворена за јавноста.