Златниот Рог (турски Haliç, Халич; на грчки: Χρυσό Κέρας, Хрисо Керас) е залив на границата меѓу Босфор и Мраморно Море со должина од 12,2 км, ширина 92-120 метри и длабочина 47 метри. Над Златниот Рог се наоѓаат повеќе мостови, меѓу кој е и Галата. Идејата за негова градба била од познатиот италијански уметник Леонардо да Винчи, но неговата замисла се остварила по околу 500 години, а негов архитект бил Булент Гундор.