Перперикон

Перперикон или Перперек (латински: Perpericon; грчки: Περπερικον) – археолошки комплекс во Источните Родопи кој се состои од големо мегалитно светилиште од пред 8000 години во камено доба, споменици од антички и средновековни тврдини. Кај Тракијците, Перперикон бил свето место, престолнина и тврдина со царски дворец. Подоцна тука живееле Римјани, Готи, Византијци и Бугари. Уништен од османлиските Турци во XIV век.

Местоположба

Перперикон се наоѓа на 15 км североистоично од денешниот град Крџали, во долина долга 10 и широка 3-4 км (надморска висина 300 до 370 м), низ која тече златоносната Перперишка Река. Перперикон се наоѓа на десниот брег на реката, над селото Горна Крепост. Зафаќа површина од околу 12 km². Мегалитниот комплекс, најголем на Балканскиот Полуостров, зафаќа површина од 5 km². Тракиското светилиште се наоѓа на надморска висина од 470 м, на стена, на врвот на ридот.

Перперикон е еден од стоте национални туристички објекти во Бугарија.

Име

Бугарските траколози категорично одбиваат објектот да го нарекуваа Перперикон, затоа што тоа му е дадено доста подоцна на местото, веројатно од римските освојувачи на Тракија. Перперек е древнотракиското име на објектот и според професор Александар Фол е единствено возможно име. Перперикон се појавува во византиската епоха.

Перперек исто така е машко тракиско име кое се среќава кај Хомер. Професорот Фол во своето предавање вели дека од имињата на цела Тракија е Перке, што означува „стена“, и истото е зачувано во имиња како Перперек, Персенк, Перин (денес Пирин), како и врвот Перистер (денес Пелистер), врвот на планината Баба крај Битола.

Според интерпретацијата на Николај Овчаров подоцното именување на местото „Перперикон“ е поврзано со златните монети „перпера“, познати и како „златица“ во средновековна Бугарија. .

Откривање

Перперек е познат на бугарската археолошка наука уште од 1930-тите, кога го опишал проф. Иван Велков.

Опис и особености

Првото археолошко истражување на Перперек е спроведено на крајот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите години од тим со научен раководител Михајлов. Карпестото светилиште претставува огромен планински масив, во кој секоја педа од стеновита површина била изработена од човечка рака. На самиот врв се наоѓа огромен базен со димензии 12 m x 8 m x 6 m, стеновити престоли, пространи простории издлабени во карпа и клупи. Т.н. „свет пат“, што доведува до т.н. „голем храм“ - просторија со должина од околу 100 m, ширина 10-12 m, вкопан е во карпите на планината е широк од 3 m до 4,5 m. Внатрешниот простор е дизајниран на три нивоа. Во источниот дел од храмот е издлабена фигура на лав што стои на четири нозе. Значително количество керамика од доцната енеолитна епоха е најдено во реонот на старите рампи - факт кој покажува дека светилиштето е основано и функционирало во втората половина на eнеолитот.

Археолошката локација зафаќа карпест врв, кој се наоѓа југозападно од селото Горна Крепост, наречен од локалното население „Џин тепеси“ - преведено од турски „Врвот на боговите“. Гребенот е направен од карпи кои се помеки и поподложни на климатските услови (атмосферски влијанија, ерозија на водата поради обилните дождови и влага) како и полесни за обработка.

Историја

Перперек бил населен уште во времето на халколитот пред 8000 години и својот процут го достига во доцната антика, кога е градски центар во рамките на провинцијата Тракија на Римската Империја.

Во доцното бронзено времебронзено и раното железно време на ридот било изградено светилиште. Николај Овчаров, смета дека светилиштето му е посветено на богот Дионис на тракиското племе Сатри (чиј свештенички род биле Бесите), што повеќекратно се спомнува во древногрчките писмени извори. (Макробиј соопштува дека: „Дознавам, дека во Тракија Сонцето и Либер се сметаат за еден и ист бог. Него Тракијците го нарекуваат Себадија, како што пишува Александар Полихистор и на овој бог на ридот Зилмисиос му е посветен храм во форма на ротонда, чиј покрив во средината е отворен) . Светилиштето било барано цел век. Тоа, заедно со она на Аполон во Делфи, се двете најзначајни пророчишта во древно време. Според древни легенди, во пророчиштата, над специјален олтар се вршеле винско-огнени обреди и според висината на пламенот се судело за силата на претскажувањето.

Повикувајќи се на наоди и древни извори, Николај Овчаров толкува многу аргументи, дека светилиштето на Дионис се наоѓа на Перперек. . Еврипид во својата трагедија „Хекаба“ (424 п.н.е.) пишува “зачуден, дека“ ... некои велат, дека Дионис-Пророчиштето (Дионис-Оракулот) се наоѓа на планината „Пангајон“ (Кушница), додека други кажуваат дека се наоѓа на Хемус (Стара планина).“ Според делата на подоцнежни римски историчари, сепак Дионис-Пророчиштето во Родопите е најважното светилиште. Една од главните информации за родопското светилиште на Дионис е на римскиот историчар Светониј. Во своето дело „Дванаесетте цезари“ тој го опишува прорекувањето кое му било дадено на таткото на првиот римски император Октавијан Август, дека неговиот син ќе биде господар на целиот свет, заради тоа што знак за тоа бил високиот пламен при принесување жртва на олтарот . Во истото светилиште на Александар Македонски му било претскажано дека ќе завладее со познатиот свет од Египет до Индија. . При опишувањето на походот на Ксеркс меѓу Елините во 480 г.п.н.е., Херодот исто така го споменува пророчиштето на Дионис, кое „...се наоѓало на висок врв на планината. Со прорекувањата во светилиштето се занимавале Бесите. Свештеник ги изрекувал претскажувањата точно како во Делфиското пророчиште.

Водечките траколози, меѓу кои е и професор Валерија Фол категорично не се согласуваат со оваа теорија на Овчаров. Според проф. Валерија Фол, на Перперек не е Дионисовото светилиште, иако објектот има долг живот како светилиште, како градски и црковен центар. Таа нагласува дека крај Персенк се наоѓаат руините на едно масовно светилиште покрај кое минува древен свештен пат и на лик се исклучително добро запазени многу рани тракиски тврдини. Таа маршрута, според проф. Валерија Фол, била една од најактивно користените патни артерии во Родопите во древно врем и по него може да се пресече целата планина. Таа нагласува, дека токму по овој пат под Персенк треба да се бара големото светилиште на Дионис.

Николај Овчаров изнесува теорија, според која местото исто така било епископски град каде во раниот V век Никита Ремесиански ги покрстил Бесите и им дал „тракиска азбука“ создадена од него и богослужба на тракиски јазик. Храмот на древниот град е посветен веројатно на тракискиот световен бог Загреј. Макробиј (400 г.н.е.) известува за едно светилиште со форма на овална сала.

Свештениот илјадолетен град бил уништен од османлиските Турци во 1362 година и неговите жители биле одведени во ропство. По неколку децении местото било потполно пусто. Кон крајот на XIX век Константин Иречек известува за средновековната тврдина Хиперперакион (Перперикон), иако лично не го посетил местото. Интересен момент во неговиот опис е фактот дека меѓу претежно турските топоними единствен преживеан на турски е хидронимот Перперекдере, името на реката, која оформила прекрасна долина, над која се издига тврдината врежана во стените.

Ископувањата на локацијата почнале во 2000 година и се придружени со многу контроверзни прашања во врска со археолошките истражувања, конзервацијата и изложувањето на објектот. Во 2006 година екипата на „Во светот и кај нас“ открива очевидци кои тврдат дека гробниците биле ограбени во 199-тите години.

Галерија


Надворешни врски

Наведени во следните категории:
Објавувате коментар
Совети
Уредување од:
Ross
12 October 2018
The ruins of the ancient Thracian city of Perperikon are the largest largest megalith ensemble in the Balkans.
Yasen Georgiev
8 Април 2016
Perperikon is an amazing place for real! Strongly recommend!
Stergios
8 August 2015
Greek oracle where Alexandrer the Great was told he would be an emperor. Bring water and leva with you. Euros unofficially accepted but no Language but Bulgarian is spoken there. Beware of scam ppl.
Vladislav Ivanov
2 July 2015
Exciting piece of the ancient epochs!
yusein halilov
30 September 2019
. güzel bir tarihi yer
Explore Bulgaria
31 May 2014
През къснобронзовата и ранножелязната епоха, мощното развитие на култовите съоръжения на хълма създават грандиозно светилище. Счита се, че това е светилището на бог Дионис.
Fri 10:00 AM–6:00 PM
Sat-Sun 10:00 AM–8:00 PM
Mon 11:00 AM–5:00 PM
Tue 11:00 AM–3:00 PM
Wed 11:00 AM–6:00 PM

Perperikon за Foursquare

Перперикон за Facebook

Хотели во близина

Видете ги сите хотели Види се
Park Hotel Green Europe

почнувајќи од $48

Hotel Brothers

почнувајќи од $47

Ski Chalets At Pamporovo - An Affordable Village Holiday For Families Or Groups

почнувајќи од $0

Karadjovata kashta

почнувајќи од $0

Guest house Elitsa

почнувајќи од $0

Hotel Forest Glade

почнувајќи од $35

Препорачани место во близина

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
The Stone Mushrooms

The Stone Mushrooms (bg:Каменните гъби) is a rock phenomenon n

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Tatul

Tatul (Bulgarian: Татул, the local name for Datura stramonium) is a vi

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Monument of the Holy Mother of God (Haskovo)

The Monument of the Holy Mother of God (български. Монумент

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Church of the Assumption (Uzundzhovo)

The Church of the Assumption (Bulgarian: църква 'Успение Богородично'

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Ustra

Ustra (Bulgarian: Устра) is a castle in the eastern Rhodope moun

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Thracian tomb of Aleksandrovo kurgan

The Aleksandrovo tomb is a Thracian burial mound and tomb excavated

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Ivaylovgrad Reservoir

The Ivailovgrad lake is one of the largest water reservoirs in

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Љутица (тврдина)

Тврдината Љутица се наоѓа во близина на Иваиловград, Бугарија. Оваа

Слични туристички атракции

Види се Види се
Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Мачу Пикчу

Мачу Пикчу ('стариот врв') понекогаш е нарекуван и како 'изгубениот

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Антички театар (Пловдив)

Римскиот театар во Пловдив (латински: ТЕАТРУМ ТРИМОНТЕНСЕ, бугарски:

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Arthur's Seat

Arthur's Seat is the main peak of the group of hills in Edinburgh,

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Олантајтамбо

Олантајтамбо (шпански: Ollantaytambo, кечуански: Ullanta

Добави в списъка с желания
Сум бил тука
Посетена
Sacsayhuamán

Sacsayhuamán (also known as Saksaq Waman, Sacsahuaman) is a walled

Видете ги сите слични места