Пештерата Гитареро се наоѓа во долината Калехон де Уајлас во покраината Јунгај во регионот Анкаш во Перу. Пештерата се наоѓа околу 50 метри над Рио Санта и на надморска височина од 2,580 метри.
Според археолошките ископувања, се потврдило дека пештерата се користела од луѓето уште од 8000 г.п.н.е. и можби и порано како на пример 10,560 г.п.н.е. Долна вилица и заби биле пронајдени во пештерата и според радиокарбонизацијата се потврдила годината на потекло, т.е. 10,610 г.п.н.е.. Во локалитетот биле пронајдени плочка за дробење и отсранување месо од коски..